Грчкиот кошаркарски сојуз го исфрли Олимпијакос во втора лига, откако „црвено-белите“ од Пиреја одбија да играат во плејофот во домашниот шампионат. Сопственикот на клубот, Јоргос Агелопулос во текот на денот ги извести играчите и стручниот штаб за новонастаната ситуација која уште повеќе ги подгрева гласините дека редовниот учесник во Евролигата од наредната сезона ќе се приклучи во АБА лигата.
Според правилникот на кошаркарскиот сојуз на Грција, Олимпијакос е преселен во понизок ранг, ако се реши да биде дел од него во сезоната 2019/20, поради одбивање да настапи во разигрувањето за шампионската титула. На одлуката ` претходеше одбивање на барањата што Пирејците ги испорачаа до Федерацијата, а се однесуваа на (не)пожелни судии.
Олимпијакос во четврт-финалето требаше да игра со вечниот ривал Панатинаикос пришто за судии беа делегирани Тасос Манос и Панајотис Анастопулос. Тандемот е меѓу непожелните за „црвено-белите“ чиј барање за смена не беше прифатено, па следуваше непопуларниот епилог на грчкиот сојуз.
Нетрпеливоста меѓу вечните ривали во грчката кошарка кулминира во оваа сезона. Речиси да немаше коло по кое двете страни меѓусебно се обвинуваа и навредуваа. Олимпијакос и во основниот дел од сезона пропушти неколку мечеви и затоа им беа одземани бодови од контото. Помалку или повеќе со ова се потврди шпекулацијата дека АБА лигата во наредната сезона ќе добие и прв претставник од Грција од формирањето.