Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со глупаци на чело на колоната, се загубивме во метежот на светот

0
By Marija Todorovska on January 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Проблемот на нас Македонците е во тоа што се обидуваме да го демантираме Херинг. Односно очекуваме најпростите меѓу нас да не разберат нас и нашите потреби и интереси, како личности и како нација. Не ја бива таа работа.

Бранко Тричковски
Секој може повторно да ги оживее во себе духовните промени сеќавајки се на вознемиреноста и уплашеноста што ги предизвикуваат новите доктрини во личната култура: тие бараат толку напори што не изгледаат ни најмалку природни. Но, творечката природа е на дело дури и во нашите души: еден ден човекот забележува дека сфатил!
Толку многу се надевам дека тој ден ќе дојде и Македонецот ќе го послуша Гастон Башлар, односно ќе сфати дека вмро не се светли букви туку црна дупка во неговата мала вселена.
Како?
Според која светлина човекот ги препознава вредностите на тие ненадејни синтези?
Според неискажливата јасност која во разумот ни влева сигурност и среќа.
Таа интелектуална среќа, според Башлар, е првиот знак на прогресот.
Жан Херинг, пак, вели дека “најразвиената личност, благодарејки на најголемата широчина на својот хоризонт, секогаш ќе биде таа што ќе може да ги разбере личностите кои се пониски од неа… додека спротивното е невозможно”.
Проблемот на нас Македонците е во тоа што се обидуваме да го демантираме Херинг. Односно очекуваме најпростите меѓу нас да не разберат нас и нашите потреби и интереси, како личности и како нација.
Не ја бива таа работа.
Разбирањето е духовен полет, тоа е животен полет.
Разбирањето не е претстава на глупакот за својата околина и за светот.
Туку знаење, елан, страст, визија.
Виша вредност.
Треба да се избориме да учествуваме во
животот на нашето село, а притоа да не останеме рамнодушни спрема животот на светот; да ја негуваме нашата лична смисла за убавина, а притоа да останеме способни да ја забележуваме и во она што ни е најстрано.
Никогаш разноликоста, сложеноста и богатството на вселената која ни е достапна така непосредно не го загрозувале традиционалниот поредок на секое општество.
Ново е масовниот карактер на распаѓањето и изопачувањето на световниот и духовниот авторитет во рамките на секое општесгво.
Сметал Опенхајмер уште во 1955 година.
И, внимавајте сега: Тоа е свет, вели Опенхајмер, во кој секој од нас мора да се врзе за она што го окружува, за она што го знае, за за она што може да го стори, за своите пријатели, за својата љубов,…
Но, под закана (што ние во Македонија ја отфрламе или ја примаме како извор на селски заебавања) да се загуби во општиот метеж, повеќе ништо да не препознава и ништо да не види.
Наспроти овие паметни изливи на вишиот од нас, нашата љубов и врзаноста кон локалното е инцестуозна, површна, патетична и, во суштина, лажна, а хаосот од загубеноста во реалниот свет- стварна што постварна не може да биде.
Заглавени сме во снежните наноси на светот, никој не не слуша и нема кој да дојде да не извлече.
Освен вмро, се разбира.
Со некое интервју на првата будала!
Од Фејсбук ѕидот на авторот 
Бранко Тричковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.