Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со импровизиран напад на градот и богат огномет Прилеп ги почна чествувањата за 11 Октомври

0
By Marija Todorovska on October 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со импровизиран напад на градот и богат огномет Прилеп ги почна чествувањата за 11 Октомври, денот на народното востание и 83 годишнината од почетокот на антифашистичката борба. Во центарот на градот неколку илјади прилепчани се придружија на одбележувањето и богатата програма на камената бина на плоштадот Александрија. Голем дел го посетија и меморијалниот музеј „11 Октомври“, некогашната полициска станица – Участакот со чиј напад на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на народното востание.

-Ова е денот кога ја славиме нашата историја, нашите херои и нашата победа. Победа која не само што означи крај на фашистичката окупација, туку и ги постави темелите на слободна и независна Република Македонија. Денеска, додека стоиме овде, го славиме нивното херојство, но и нашата обврска да продолжиме со нивниот дух. Македонскиот народ ја платил цената за слободата со многу големи жртви. Тоа не е само дел од минатото – тоа е и одговорност за сегашноста и иднината. Нашата битка за заштита на македонскиот идентитет, нашиот јазик и нашата култура не е завршена, порача во своето обраќање пред прилепчани градоначалникот Борче Јовчески.

Утре, на празникот, бројни делегации ќе се поклонат и ќе им оддадат почит на: првиот претседател на пресзидиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, на идеологот на народната револуција, Кузман Јосифоски Питу пред нивните споменици во центарот на градот и пред Могилата на непобедените каде се моштите на загинатите борци. Делегациите ќе им оддадат почит и на 10-те народни херои, загинати во НОБ и Револуцијата чии бисти се во Алејата на народните херои.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.