Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со концерт на Ванеса Меј почнува 59 „Охридско лето“

0
By Нова ТВ on July 12, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со концерт на светски познатата виолинистка, Ванеса Меј вечер на Антички театар ќе биде отворено 59. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Британската уметница, која сака да експериментира со начинот на кој и се обраќа на публиката посетила над 50 земји, а свирела на атрактивни локации како: Кремлин во Москва, Хајд Парк во Лондон и Акропол во Атина. Настапувала на спортски настани, на егзотични локации, меѓу кои на замрзнатото езеро во Сан Мориц, на Ленстер сквер во Лондон за прославата на кинеската Нова година, за одбележувањето на 250 годишнината од раѓањето на Бах во палатата Ст. Џејмс… Покрај со музиката, се занимава со добротворна работа и спорт, а прогласена е за модна икона и за најубава жена во светот според неколку значајни списанија. Има продадено повеќе од 10 милиони албуми и добиено 40 интернационални награди за нејзините поп и класични снимки, додека пак концертите се пренесувани во повеќе од 100 земји во светот.

Вљубениците во уметноста низ 40-те фестивалски денови ќе имаат можност да уживаат во над 40 културни настани на светски, но и домашни познати имиња на сцените на Антички театар, Долни Сарај во црквата „Света Софија“, но и во нејзиното преддворје, во Центарот за култура „Григор Прличев“, како и на други локации низ градот.

Покрај Меј, во музичкиот дел од прогамата се и гала оперскиот концерт Националната опера и балет, Камерен оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“ под диригентска палка на Олег Кондратенко, настап ќе имаат гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Гудачки квартет Асасело од Германија, Камерниот оркестар Софиски солисти од Бугарија, ансамблот Дорико од Италија, квартетот „Терем“, како и српските уметници Стефан Миленковиќ на виолина и Владимир Милошевиќ на пијано, Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин – пијано од Русија, Елена Папандреу на гитара, Грција… Не изостануваат ниту познатите Руска вечер со Симфонискиот оркестар на Бријанск, Русија, под диригентската палка на Едуард Амбартцумјан, Полска вечер со пијано трио „Пендерецки“, вечер на Европската унија со Мустонен Оли – пијано, Украинска вечер со Божена Корчинска со украинска надолжна флејта и Богдан Кожушко на хармоника.

Во рамките на драмскиот дел ќе бидат изведени претставите „Самрак на боговите“ според сценариото на Лукино Висконти, Енрико Медиоли, Никол Бадалукo во режија: Далибор Матаниќ, продукција на СНГ Драма Марибор од Словенија, „Хадерсфилд“ од Угљеша Шајтинац во режија на Рене Медвешек, продукција: Загрепски младински театар, „Каде е пиштолот“ од Габор Ѓореј во режија на Дејана Николовска, продукција на Народен театар Охрид, „Бакхи-краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, продукција на Народен театар Битола. Драмски тетара од Скопје ќе ја изведе претставата „Несоодветно за на работа“ од Луси Кирквуд, „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија: Џон Блондел на Руски драмски театар Станиславски- Караганда, Казахстан….

Фестивалот свечено ќе биде затворен на 20 август со изваедба на театрската претстава „Одисеј“ од Горан Стефановски во режија на Александар Поповски во продукција на: ГДК

„Гавелла“ Загреб, театар Улисис-Бриони, Српски народен театар, Нови Сад, СНГ Драма Марибор, Арелје 212, Белград, Стериин театар, Нови Сад, театар Навигатор, Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.