Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со курбанот за Бога ќе ги надвладееме страстите, порача реисот Шаќири

0
By НОВА ТВ on July 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Фетах Шаќири упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Шаќири во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем празник затоа што содржи многу историски и општествени димензии со извонредно значење за човештвото воопшто, и особено за верниците.
– Во овие денови заврши објавувањето на Светиот Куран, со кој Исламот како вера и систем на живот, за сите времиња и места, ја доби својата последна форма. Се извршува петтиот исламски услов – Хаџ, и во текот на Курбан Бајрам се извршува задачата за колење на курбани, што е главната порака за афирмација и зајакнување на човечкото суштество. Ова е потврдено со случајот на Ибрахим (а.с.), кога тој сакаше да го исполни ветувањето дадено на Бога, го зеде својот син да го жртвува во Негово име, во тој момент, наместо неговиот син, му беше даден животно за курбан. Овој чин уште еднаш, конкретно и одлучно ја нагласи и ја докажа вредноста и достоинството на човекот кон другите суштества. За ова браќа и сестри, празникот на Курбан Бајрам е празник на голема радост затоа што со актот на колење на курбан верникот се издига високо покажувајќи вистинска покорност во еден Бог, и негува висок морал, надминува на страста и емоциите. Со курбанот колен заради Бога, имаме за цел да надвладееме над нашите страсти, вели Шаќири.
Шаќири во пораката посочува дека празникот Курбан Бајрам е празник на меѓусебна радост, зближување меѓу луѓето, грижа за сиромашните, пружење на раката на помирување, насмевка едни со други, служење на другите, подготвеност за големо дело и свесност за триумф доброто и вистината над злото. Сето ова има за цел: да го достигне задоволството на нашиот Творец и нашето формирање во согласност со духовната и физичката чистота што ја бара Исламот.
-На крај, имам посебна чест од името на Исламската верска заедница и од мое лично име до сите верници во земјата и нашите сонародници каде и да сѐ да им изразам срдечни честитки молејќи се на Семоќниот Алах на овој благословен празник да ги прифати нашите курбани и нашите ибадети, да го зајакнеме мирот во светот, да го елиминираме злото меѓу луѓето, да издржиме разни предизвици и искушенија во животот, особено семејствата на жртвите на трагичната болест Ковид-19. Нека Аллах нè благослови со своите бесконечни благодети. Бајрам мубарек олсун!, наведува во честитката Реисот, Фетах Шаќири.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.