Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со омаж за Данило Коцевски почнуваат „Деновите на европско Скопје“

0
By Нова ТВ on October 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Годинашната програма, како што соопштија организаторите, во малку поразлични услови од претходните, ќе започне денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје Данило Коцевски.

Одломки од богатото творештво на Данило Коцевски ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Владимир Лукаш и Владимир Мартиновски.

– Данило Коцевски има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Пишувал драми, од кои неколку се изведени и наградени. Сепак неговот име се поврзува како хроничар на градот Скопје. Коцевски беше автор на серијалот текстови „Скопски легенди“ во „Нова Македонија“, во кои беа објавени бројни приказни поврзани со историјата на Скопје, а во 2017 година Дирекцијата за култура и уметност со истиот наслов издаде книга која е една од трите изданија на Дирекцијата посветени на творештвото на Коцевски заедно со „Го сакам Скопје“ издадена во 2000 година и „Магијата на Скопје“ издадена во 1997 година, се наведува во соопштението.

Тој е добитник на престижни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии.

На 5 ноември во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ученици од основните и средните училишта ќе настапат со свои литературни творби по повод празникот на градот Скопје. Книжевно-поетското дружење ќе се одвива на европски и на балкански јазици со почеток во 12 часот.

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“, Дирекцијата за култура  и уметност во соработка со Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје, на 20 ноември годинава, ќе доделат награди за најдобрите три авторски текстови изработени од новинарите и од студентите по новинарство во рамки на конкурсот „Мостовите на Скопје“.

Ќе се одржи и работилница насловена „Мостовите на Скопје“ со учениците од  ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ под менторство на Љупчо Илиевски – фотограф, со додела награди за најдобрите три фотографии.

Предвидена е и работилница „Мостовите на Скопје“ со учениците од средните училишта во Скопје, каде ментор ќе биде Александар Кондев – фотограф, вклучувајќи и додела награди за најдобрите три фотографии. Наградите ги доделува Градот Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.