Со поетски перформанс со дела на Блаже Конески, денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје беа одбележани 25 години од неговата смрт.
Перформансот „Емоции – последна вечер“ режиран од професорката Кренаре Невзати-Кери од Факултетот за драмски уметности, е своевиден омаж за ликот и делото на Конески.
На истиот ден кога НУБ ги одбележува патрониот празник и 74 години од своето постоење.
Во перформансот учествуваа актерите Дејан Лилиќ и Филарета Атанасова и вокалот Александра Поповска. За перформансот се користени архивски материјали и фотографии од фондот „Блаже Конески“ при Архивот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).