Македонија на вечерашниот натпревар загуби со 24-25 од Чешка во второто коло од главната фаза во Групата 2 на Европското првенство. Со тоа Македонија ги изгуби сите шанси за пласман во полуфиналето.
Нашата репрезентација водеше во текот на речиси цел натпревар, а имаше и највисоки +5 во второто полувреме, но во финишот дојде до невиден пад во нашата игра.
Чешка за прв пат го презема водството во 57-та минута со 23-24 и во драматичен финиш успеа да дојде до победата. Во последната секунда Дејан Манасков не реализираше пенал за реми.
Филип Талески со пет голови беше најефикасен кај Македонија, Борко Ристовски имаше 11 одбрани.
Капитенот Кире Лазаров не можеше да и помогне на репрезентацијата и влегуваше во игра само да изведе пенали, а реализираше два пати од три обиди.