Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со потврда за вакцина или негативен тест, од 14 мај македонските граѓани ќе можат да патуваат во Грција

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис уште еднаш го објасни владиниот план во пет точки со предусловите за патување во Грција: или вакцинација или негативен тест, во комбинација со контроли при влезот за доколку има позитивни посетители да се откриваат, хотели- карантин за изолација на заразените, вакцинација на туристичките работници, како и строго почитување на здравствените протоколи, „кои лани ги чуваа безбедни и туристите и граѓаните“.

-Го соопштивме нашиот план и сме единствената земја која толку јасно го соопшти. Бев во комуникација со низа земји во изминатиот период. Повеќето од нив, всушност, би рекол сите се за северна Грција. Тоа се Романија, Србија, мојата комуникација со министерот за здравство на Северна Македонија, за да го објасниме нашиот план за тоа како ќе отвориме и како би можело да биде на нашите граници, истакна министерот за туризам на Грција.

Говорејќи за патниот туризам лани објасни дека беше „воена состојба“ и земјата немаше капацитет за персонал на сите влезни точки, а контролата беше потешка и потсети дека бранот го погоди Балканот во моментите кога Грција го отвораше туризмот, но сега, истакна дека постојат повеќе алатки, брзи тестови, вакцини, како и искуство од ланската сезона.

-Кога ќе имаме брзи тестови на аеродромите, нема да биде потребно 24 часа подоцна да ги бараме и да ги собираме од хотелите и да ги носиме во хотелите за изолација, туку ќе можеме изолацијата да ја правиме директно на аеродромите и сите ние ќе бидеме многу побезбедни. Или соодветно, ако некој дојде со автомобил на копнените граници, ќе може да се врати назад во неговата земја ако некој од семејството е позитивен, објасни Теохарис, пренесе МИА.

Министерот за туризам истакна дека сите правила и мерки што важат за Грците, важат и ќе важат и за посетителите и ги демантираше шпекулациите дека туристите кои веќе се во земјата, се шетаат слободно, наспроти грчките граѓани кои се во карантин.

-Нема да има дискриминација ниту за вакцинираните, ниту за туристите, за никој. Нема да имаме отворени ресторани само за вакцинираните. Земјата има конкретни правила. Ги предлага здравствената комисија, Министерството за здравство и секако самиот премиер, а овие препораки важат за сите, без разлика дали се тоа туристи или грчки државјани. И ова ќе продолжи да биде вака и во текот на целото лето, објасни Теохарис од Парламентот.

Во однос на дискусијата за „covid-free“ острови, рече дека е погрешна бидејќи планот за туризмот се однесува на земјата во целина како безбедна дестинација, објаснувајќи дека жителите на одредени острови се вакцинираат од оперативни причини и тоа не е поврзано со туризмот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.