Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со протестот против Кацарска, ВМРО ДПМНЕ потврди дека стои зад насилството од 27 април

0
By Нова ТВ on November 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ со негодување и протест во собраниската сала го дочекаа предлогот на Судскиот совет, судијката Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд.

Оправдано е една пратеничка група да не се согласува со изборот на одреден судија, но при тоа мора да понуди аргументи за таквиот став. ВМРО ДПМНЕ избра наводните аргументи да го фокусира во еден судски случај, а тоа е насилството во парламентот, познат како „27 април“ кога толпа вооружени насилници упаднаа во парламентот со цел да ликвидираат политичари и да спречат СДСМ да формира влада, иако имаше обезбедено мнозинство пратеници.

Потоа, со помал интензитет се споменуваше и судскиот процес „Тенк“ во кој Добрила Кацарска ги осуди на затворски казни Никола Груевски и Гордана Јанкуловска. Ова упатува на заклучок дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ водат грижа за кариерата на Кацарска, но само од аспект на случаи во кои таа осудила функционери и членови на ВМРО ДПМНЕ, без да изустат ниту збор  што е со стотиците други предмети кои таа ги имала во долгата, 30 годишна судиска кариера.

Значи, Кацарска осудила многумина и водела безброј судски процеси, ама ете ВМРО ДПМНЕ смета дека таа е судијка на власта затоа што го осудила нивниот шеф Груевски, кој на криминален начин со Јанкуловска потрошиле стотици илјади евра за мерцедесот на МВР, исто како и насилниците кои за малку ќе го ликвидираа Зоран Заев во парламентот. Вреди да се напомене дека ОБСЕ го мониторираше процесот „Тенк“ и во извештајот напиша дека судот овозможил еднаквост на оружјата и дека во целото судење биле почитувани законите.

Немајќи вистински аргументи за работата на Кацарска во изминатите три децении, пратениците на ВМРО ДПМНЕ несвесно пукаа во празно со споменување на овие две судски досиеја.

Но, она што го покажа седницата е дека со ваквиот потег ВМРО ДПМНЕ само уште еднаш се стави на страната на насилството и на криминалот. Од одговорна партија се очекува да се дистанцира од насилниците, да ги осуди и да го поздрави нивното затворање, а не да се обидува вината да ја префрла кај судијата што ги осудил. На крајот на краиштата, кај секој судија можеше да се падне предметот, но ако доказите се тие и постојат тогаш сеедно е кој судел. Важно се судело според докази и фактичка состојба.

А толку многу функционери и членови на ВМРО ДПМНЕ се обвинети за криминал и корупција, што сакала или не, некој предмет ќе и се падне и на Кацарска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.