Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со првата пратка од руските вакцини ќе се вакцинираат хронично болни и луѓето во старачките домови

0
By Нова ТВ on March 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата пратка од руската вакцина „Спутник В“ вчера пристигна во земјава. Пристигнати се 3000 дози, а вкупно нарачани се 200 илјади. Надлежните уверуваат дека вакцините се безбедни и ќе обезбедат континуитет на процесот на имунизација.

Први кои ќе се вакцинираат, согласно националниот план, се граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старачките домови.

За начинот како ќе се одвива вакцинацијата, министерот за здравство Венко Филипче вчера при приемот на пратката објасни дека сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите кои ќе им бидат најблиску, додека во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во домовите.

-Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација, рече Филипче.

Вакцината „Спутник В“ е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3000 за нас.

Во однос на тоа кога ќе пристигне втората пратка, Филипче посочи оти и руската компанија, како останатите, во однос на испораката е под голем притисок од сите земји во светот. Затоа, во текот на следните денови ќе се знае кога пристигнат останатите 200.000.

Од вакцината „Спутник В“ нема контраиндикации, уверува Филипче. Постои само препорака за претпазливост кај трудниците и доилките.

Сепак, до овој момент, за ниту една вакцина нема сериозна контраиндикација, ниту е регистриран некаков несакан ефект за време на клиничките студии и потоа, а тимот експерти ги прати буквално сите публикации.

Со Северна Македонија оваа вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.