Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со реорганизацијата на Тутунски комбинат Прилеп доброволно заминуваат 222 вработени

0
By Нова ТВ on July 1, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од прилепскиот Тутунски комбинат 222 вработени доброволно ќе заминат со пакет-отпремнини кои им беа понудени, соопшти денеска компанијата.

Според раководството на комбинатот, бројот на пријавени бил голем, а доброволното заминување од компанијата било спроведено во соработка со Синдикалната организација и било транспарентно. Со ова заврши и последната фаза на реорганизацијата на компанијата со што се очекува да се зголеми ефикасноста во работењето.

– Ова е последна фаза на реструктуирањето во ваков формат и затоа интересот на вработените беше голем. Дополнително, доброволните пакети, односно условите за заминување беа направени на подобар и транспарентен начин, и голем дел од вработените, најмногу оние што имаат уште неколку години до пензија, решија да ја искористат понудената шанса, вели Игор Китаноски од синдикалната организација на Комбинатот.

Како што соопштува компанијата, Тутунскиот комбинат во изминатите години интензивно работел на трансформацијата и со тоа бележи позитивни резултати. Веќе денес Комбинатот нема долгови кон државните институции и навреме ги плаќа обврските кон деловните партнери и банките.

– На крајот на 2017 година се раздолживме спрема државата исплаќајќи долг стар 6 години, почнавме со редовно сервисирање на обврските спрема доверителите и банките, а имавме и година со добар откуп на тутунот, така што, изминатиот период направивме значителен чекор напред за враќање на финансиската стабилност на компанијата. Остана довршувањето на процесот на реорганизација со кој беа опфатени вработените со висока старосна структура. Со овој чекор одиме кон зголемување на ефикасноста паралелно со веќе започнатиот процес на модернизација,  истакнува Кире Станкоски, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, добро е што Тутунскиот комбинат во Прилеп кој со децении беше загубар, а со тоа и еден од најгорливите проблеми на државата, конечно застанува на „здрави нозе“.

– Како Влада сме задоволни што еден толку битен индустриски капацитет во земјава, особено за Пелагонискиот регион, конечно почнува да работи рентабилно, да се осовременува, да го проширува производството и е на вистинскиот пат да стане модерна и успешна компанија. Како Влада водиме грижа за тутунопроизводството, бидејќи тутунот е од исклучителна важност за државата. Имаме голем девизен прилив, а од него живеат и 23 000 семејства во Македонија,рече Бектеши.

Во соопштението се истакнува дека Тутунски Комбинат Прилеп бележи позитивни години по стратегиското партнерство со „Филип Морис“. – Со процесот на реструктуирање, како и со модернизацијата помогната од светскиот тутунски гигант, со подобрувањето на квалитетот на производите и со проширеното портфолио во согласност со потребите на потрошувачите, се очекува Тутунскиот комбинат ја подобри ефикасноста и финансиската стабилност на компанијата, стои во соопштението на оваа команија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.