Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со тензии едногласно изгласан петтиот пакет мерки, пратеници со скафандери гарантираа обезбеден кворум

0
By Нова ТВ on April 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието едногласно даде поддршка за петтиот пакет економски мерки. Пратениците во полн состав учествуваа на 36. седница, меѓу нив и двајца во скафандери позитивни на корона вирусот како гаранција дека конечно ќе биде донесена помошта за граѓаните и стопанството.

Денешната седница како и седниците изминатите денови се одвиваа во „зовриена“ атмосфера со многу кавги и префрлања на вина, обвинувања и закани меѓу пратениците од опозицијата и собранискиот спикер Талат Џафери.

Причиа за денешната нервоза беше токму присуството на двајцата пратеници кои во посебни кабини и со скафандери присуствуваа на денешното гласање.

За опозицијата со непочитување на протоколот на здравствените власти за лицата позитивни од корона вирусот кои присуствуваа во Собранието, Џафери го прекршил уставот. Покажал дека таму каде што има сила не мора да се почитуваат одлуките на Владата што пак како што се изјаснија претставува лош пример за граѓаните во иднина.

Џафери пак истакна дека Комисијата за заразни болести има предвидено протокол со кој се предвидува во кои услови и под кои околности може да се обезбеди присуство на пратеници болни од Ковид – 19, тие да се приклучат во работата на Собранието и да го остварат своето право да гласаат.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев пак отиде и чекор понатаму, па на своите колеги кои во скафандери ја следеа денешната седница им се закани со затворски казни кога нема да бидат на власт, нагласувајќи притоа дека прекршувањето на протоколот е кривично дело кое предвидува парична и затворска казна, а на Џафери му посочи дека со неговото однесување Собранието како правен субјект ќе треба да плати парични пенали.

Дека и денешната седница ќе се одвива во напната атмосфера најави статусот на пратеничката од редовите на СДСМ Билјана Костадиновска Стојчевска, која пред да пристигне во собраниската сала на својот фејсбук профил објави слика и напиша во интерес на граѓаните наша должност е да го обавиме нашето право и да гласаме за донесување на економскиот пакет.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска која е позитивна на коронавирусот, а во Собранието се појави во целосна заштитна Ковид-19 опрема, со цел да присуствува на седницата на која е предвидено да се усвојат законите за петтиот пакет финансиски мерки.

Со експресна реакција се огласи координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека со ваквата одлука во ризик се става здравјето на сите присутни во салата и обвини дека мерките од петтиот пакет до сега не се изгласани поради инает на власта и посочи дека неговата партија ќе даде поддршка за кворум на 36. седница.

По изгласувањето на законите од 36. седница тие веднаш беа испратени на потпис кај претседателот Стево Пендаровски, а од кабинетот на шефот на државата потврдија дека веќе се потпишани и соопштија дека претседателот упатил апел до сите политички субјекти во иднина да се однесуваат одговорно.

Пендаровски во одговор на барањето на лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски да покаже дека е „достоен за функцијата која ја извршува”, истакнал дека граѓаните најдобро покажале што мислат за достоинството на претседателот на изборите пред две години.

Премиерот Зоран Заев пак на својот фејсбук профил упати честитки до пратениците, претседателот на Собранието и до собраниските служби за усвојувањето на законите од петтиот пакет антикризни мерки.

– Упатувам честитки до пратениците од парламентарното мнозинство кои се справија со сите блокади и најдоа начин овие важни закони за граѓаните конечно да бидат усвоени.

Од изјавата на Мицкоски дека во собранието денеска се случил „терористички чин“ , изрази згрозување.

– Мицкоски се дрзна гласањето за помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди. Очигледно е дека ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, ваквото безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски, пишува Заев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.