Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со усвојување заедничка Декларација, заврши Самитот Брдо-Бриони

0
By Marija Todorovska on October 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан.

– Самитот беше уште една можност да ја повториме единствената порака, заедничка за сите нас, дека нашиот простор е простор на заеднички вредности, мир и просперитет, и дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан, истакна Милатовиќ на заедничката прес-конференција со претседателите на Словенија и Хрватска.

Тој додаде дека мирот и безбедноста никогаш не можат да се земат здраво за готово и дека самитот е секогаш добра прилика да се разговара и за оние прашања околу кои не секој има исто мислење.

– Долгорочната стабилност подразбира добрососедски односи,“рече Милатовиќ, додавајќи дека „Црна Гора е и секогаш ќе биде земја посветена на регионалната соработка и добрососедските односи.“

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, рече дека процесот Брдо-Бриони трае со години како форма на комуникација меѓу државите, од кои некои меѓусебно не се признаваат, што, како што наведе, само по себе е вредно за напор.

Милановиќ оцени дека ЕУ е голем и многу инертен систем и дека идните членки „ако се чека толку долго колку што се чека сега, ќе го изгубат трпението“. – Наша задача е да ги охрабруваме, додаде тој.

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, истакна дека Црна Гора има најголем потенцијал за прием во ЕУ, а според неа, Косово има најмали шанси за тоа.

На пленарната седница на самитот Брдо-Бриони, се разговараше за унапредување на соработката меѓу Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ.

Покрај домаќинот, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, учествуваа и претседателите на Албанија и Хрватска, Бајрам Бегај и Зоран Милановиќ, претседателките на Косово, Словенија и Северна Македонија, Вјоса Османи, Наташа Пирц Мусар и Гордана Силјановска Давкова.

Присуствуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се придружи на учесниците на самитот подоцна, за време на работниот ручек.

Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, со цел зајакнување на меѓусебната доверба и помош на Западен Балкан на патот кон ЕУ.

Членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.