Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“.
Така е решен спорот, кој датира од 1967 година, кога таканаречената Македонска православна црква се одвои од СПЦ, наведува српски Курир.
Како што во објавата наведува порталот, пред ваквата одлука на Собранието, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирие и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.
По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и непризнатата МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација, а плодовите од таа комуникација ги понесе денешната одлука, се наведува во објавата на српски Курир.
https://www.kurir.rs/vesti/drustvo/3934155/sabor-spc-odobrio-kanonsko-jedinstvo-spc-sa-takozvanom-makedonskom-pravoslavnom-crkvom