Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги отфрли препораките на Прибе содржани во извештајот на омбудсманот

2
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието одби да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во Извештајот на Народниот правобранител. Овие мерки произлегуваат од препораките на Прибе кои владата се обврза да ги спроведе.

Меѓу мерките од Извештајот, во областа здравствено осигурување и заштита, се наведени следните мерки:

„1.Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на РМ и Подрачните служби на Фондот да воспостават пракса на одржување на редовни средби, на кои ќе се информираат за тековни прашања и добивање  насоки за ефикасно и навремено одлучување за правата на граѓаните, а со што ќе се елиминира досегашната пракса на долготрајност на управните постапки и пречекорување на законски предвидениот рок за одлучување;

2.Се задолжува Владата на Република Македонија да пристапи кон доуредување на Проектот Мој термин со цел истиот да одговара на потребите на граѓаните-осигуреници, за ефикасна, редовна и навремена здравствена заштита.“

Денеска во Собранието на Република Македонија не биле присутни доволно пратеници за да може да се усвојат овие препораки.

За предложените мерки од страна на Народниот правобранител за спроведување на препораките, само 37 пратеници гласаа „за”, петмина беа „против” и еден воздржан.

Според народниот правобранител Иџет Мемети, во Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за минатата година, не се констатирани позитивни промени, туку стагнација, а во некои области и назадувања што се потврдува со зголемиот број на повредени наршувањата на човековите слободи и права за четири проценти.

– Констатиравме рекордно, како ниту една друга година, 1.523 индивидуални повреди на човековите слободи и права, а од нив во 1.354 случаи беа прифатени нашите интервенции, што, за жал, не е случај со препораките за констатираните слабости за општите состојби за кои изготвивме бројни извештаи и препораки, рече Мемети.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.