Собранието ги верификуваше сите 123 пратенички мандати, вклучително и оние од кои опозицијата се откажа. Без присуство на 34 пратеника на СДСМ и коалиционите партнери, како и 1 пратеник на НСДП заврши конститутивната седница во Собранието.
Пратениците кои се откажаа од мандатите, согласно законите ќе треба да поднесат и оставки во парламентот. Доколу ги приложат оставките и доколку се исцрпи листата на пратенички мандати, Изборниот законик предвидува распишување на нови избори во сите изборни единици од каде што доаѓаат овие пратеници.
Непосредно пред започнувањето на седницата ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во заедничко соопшение ја информираа јавноста дека заедно ќе прават влада.