Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието попладнево донесе шест законски решенија

0
By Ivana on December 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 57-та седница без расправа, едногласно со 62 гласа „за“ го донесе Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост.

Во рамките, пак, на 51-та седница пратениците го разгледаа Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, со кој се бара измена на членот 4, и поради прифаќање на дополнителен амандман поднесен од пратениците од ДУИ од страна на Владата заклучија да се даде на трето читање.

Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ во општата расправа посочи дека законот е менуван повеќе пати, а денешната промена е да се овозможи недела да биде неработен ден и со него се прецизира во кои работни простори може да се работи, а во кои не.

-Законот нема принципи  и овозможува селекција и неправедност. Има непринципиелност во времето за работа. За трговците кои имаат поголем деловен простор од 8.000 квадратни метри дозволено е да работат 10 часа во недела, а за останатите 8 часа. Со овој амандман се постигнува дискриминација во однос на бројот на работни часови за различни субјекти. Тие кои имаат поголем работен простор може да работат 10 часа, а останатите ќе мора да работат 8 часа, рече Трајанов.

Праша зошто со законското решение се забранува да се продава овошје и зеленчук во недела во маркетите, а може да се продава се друго.

-Ова законско решение е да можат да работат големите маркети по моловите, а да не може да работат маалските продавници, рече Трајанов и побара законското решение да се преработи во делот на работното време и да може да се продава овошје и зеленчук.

Без расправа со 62 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај.

Во рамките на 54-тата седница без општ претрес, едногласно со 86 гласа „за“ пратениците го донесоа Законот за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата.

Без расправа со 60 гласа „за“ беше донесен и Законот за изменување на Законот за хартии од вредност. Едногласно со 61 глас „за“ и без расправа Собранието го донесе и  Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Патен коридор VIII – I фаза на проектот, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, а со 60 гласа „за“ и Законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.