Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието пред блокада, СДСМ порачува дека нема да потклекнат на уцените

0
By Mirjana on May 4, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Се додека владата не седне со нас да разговара и не се договорат за предвремени парламентарни избори, ќе трае блокадата на собранието и таа нема да биде неколку дена туку подолго со недели а можеби и со месеци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Вечерва имаме состанок на ИК, ќе ја презентирам идејата и да почекаме. Ако мислите дека ќе завршиме тука, нема. Ова ќе биде процес во кој треба комплетно да ја принудиме оваа влада раководена од 15 пратеници на ДУИ и администрирана од Ковачевски и СДСМ да замине, затоа што мора да се согласите дека сега како никогаш во минатото не било толку лошо, рече Мицкоски.

Активната блокада на законодавниот дом, како што појасни, ќе значело блокирање на сите процеси и закони освен на оние кои се однесуваат за помошта кон граѓаните за повисоки плати и пензии, рече тој.

– Однапред им се извинувам на граѓаните за тоа што ќе следи, но мора да нè разберат дека ни е потребна поддршка и охрабрување за да си ја спасиме Македонија затоа што ако оваа влада остане уште еден ден повеќе Македонија ќе има помалку на сметка за нив. изјави Мицкоски.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска изјави дека ова покажувало дека деструктивноста на Мицкоски и неговата политичка инструментализираност како послушник на Никола Груевски немала граници.

– Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

Обврска на СДСМ како одговорна, државотворна партија, заедно со мнозинството кое го предводи е да не дозволиме уцените и личните хирови на Мицкоски да нанесат штета врз државата и народот, изјави Кузеска.

– СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски, велат од СДСМ.

Претседателот на парламентот Талат Џафери во изјава за „Слободен печат“ вели дека ќе постапува според собранискиот Деловник.

– Собранието постапува според Деловникот, ако има амандмани ќе видиме како ќе поминат законите на комисиите, ако има филибастеринг, колку може пратениците да зборуваат, еве 120 пратеници по 10 минути ќе зборуваат. Ќе видиме или ќе се отвори расправа на пленарна седница или не. Јас ќе работам според Деловникот, нема војна да правиме, ќе видиме како ќе тераат. Не само Собранието, треба и други институции да размислуваат за последиците, бидејќи во таков случај не станува збор само за блокада на Собранието туку и на државата – вели Џафери.

Ако дојде до блокада на парламентот, Џафери вели дека нема намера да свика средба со лидерите на парламентарните партии,  бидејќи сите со исклучок на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се и пратеници.

(М.Т.)

СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ЗА БЛОКАДА ВО СОБРАНИЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.