Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранискиот канал ќе емитува и содржина подготвена во телевизиското студио

0
By Marta Pesevska on January 11, 2024 ВЕСТИ, Медиуми, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранискиот канал наскоро ќе почне да емитува и програмска содржина подготвена во телевизиското студио кое се наоѓа во законодавиот дом. Досега на Собранискиот канал се пренесува во живо пленарните седници на Собранието и комисиски седници од салата „Борис Трајковски“.

За ова формално-правно се создадоа услови откако денеска членовите на Советот на Собранискиот канал едногласно ги усвоија Деловникот за работа, Годишната програма и план за видот и содржината на програмите за 2024, како и Финансискиот и инвестициски план.

-Граѓаните навремено точно и објективно ќе бидат информирани за законите, работата на претседателот на Собранието, генералниот секретар и пратениците, за средби со меѓународни и домашни претставници и со сите други надлежности, како што се носењето одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци, се наведува во соопштението од Собранието.

Со Советот претседава претседателот на Собранието Талат Џафери, кој потенцирал дека ова е значаен момент во развојот на капацитетите на законодавниот дом, кој ќе биде уште поблизу до граѓаните. Џафери рече дека со започнувањето на емитување на програмата на Собранискиот канал се реализира долгогодишната идеја на повеќе мандати на Собранието.

-Од овој Совет и од наредните кои ќе се формираат очекувам активно учество и создавање клима за конструктивна работа која ќе придонесе за напредок во процесот на отвореност и транспарентност. Целта на Собранискиот канал е да ја доближи работата на Собранието до граѓаните, односно да обезбеди програми од интерес за социјална кохезија, меѓуетнички соживот и културни разлики, како и пренос на дигитален ТВ сигнал до крајаните корисници – гледачите. Заложбата за функционален Собраниски канал збогатен со програмски содржини е резултат на заедничката посветеност со нашите пријатели и поддржувачи – Амбасадата на Швајцарската конфедерација и на Националниот демократски институт (НДИ) кон основните вредности – транспарентност, отчетност и граѓанско одлучување, истакнал Џафери.

Според генералната секретарка, Цветанка Иванова, сè што е направено од 2006 година до денеска во врска со реформата за Собранискиот канал, било со консензус и со знаење на сите претставници на политичките партии.

Одговорниот уредник на Собранискиот сервис на МРТ, Виолета Димовска, посочила дека, секој нов почеток има предизвици, но дека истите тековно ќе се решаваат.

– Се надевам дека Собранието наскоро ќе го донесе и собранискиот календар со кој во голема мерка ќе се олесни и работата на Собранискиот канал. Така полесно би се вклопиле сите содржини, за гледачите да знаат во кој термин може да гледаат одредена емисија, порачала Димовска.

Со новата програмска шема, граѓаните покрај вести ќе гледаат и емисија „Собраниска ризница“,  со која ќе биде опфатен историјатот на содржините во собраниската зграда. Емисијата „Законодавен брифинг“ во која ќе бидат презентирани предлог-закони и донесените закони, а целта е јавнoста да биде изворно информирана за закони кои влегуваат во постапка.

„Интервју“ е информативна емисија во која ќе се реализираат интервјуа со раководството на Собранието и пратениците, како и на носители на функции избрани од Собранието.

Во пробниот шестмесечен период, согласно Изборниот законик, за време на избори, на Собранискиот канал, во соработка со МТВ, ќе биде емитувано и бесплатно политичко претставување на кандидатите.

Советот на Собранискиот канал, кој како тело е основан уште во 2006 година, брои 10 членови и исто толку заменици. Во него се застапени пратеници од владејачките и од опозициските партии.

Во Советот на Собранискиот канал членуваат: Фаница Николоска, Даниела Николова, Дарко Каевски, Санела Шкријељ, Арбер Адеми, Ремзи Мемеди, Никола Мицевски, Владо Мисајловски, Бојан Стојановски и Сафије Садики-Шаини. 

Собраниски канал телевизиско студио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.