Активистите за човекови права низ светот протестираат против руската Влада, само два дена пред Зимските олимписки игри да започнат во јужното одморалиште Сочи, јавува Би-Би-Си.
Протестите се обидуваат да ги убедат спонзорите на настанот да зборуваат за контроверзните закони на Русија за хомосексуалноста.
Минатата година, Русија забрани промоција на “нетрадиционална” сексуалност – која нашироко се гледа како напад врз правата на хомосексуалците.
Протестите се очекува да се одржат во 19 градови низ целиот свет.
Тие ги вклучуваат Лондон, Њујорк, Париз и Санкт Петербург.
Активистите сакаат олимписките спонзори како Мекдоналдс, Кока-Кола, Самсунг и Виза кредитните картички да зборуваат против новите закони Русија за хомосексуалност.
Законот се однесува на обезбедување на информации за хомосексуалноста под 18 години и го третира како кривично дело казниво со парична казна.
Критичарите велат дека нејзината лабава интерпретација ефикасно ги запира протестите за правата на хомосексуалците во Русија.