Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сојузот на средношколци најавува бојкот во ноември доколку не се дозволи комбинирана настава

0
By Нова ТВ on September 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата доколу во месец октомври при стабилна епидемиолошка состојба, надлежните институции не дозволат постепено враќање на учениците во училница, преку настава по комбиниран модел, објави Радио МОФ.

„Во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче“, истакна претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, на прес конференција пред зградата на Министерството за образование и наука.

Тој посочи дека голем дел од барањата на средношколците биле прифатени од надлежните. Меѓу нив и тоа учебната година да почне од 1 октомври, праксата да се одвива со физичко присуство, а ученичките домови да профункционираат со половина од капацитетите. Сепак, додаваат, нивното главно барање за комбиниран модел на настава, онлајн и со физичко присуство, беше одбиено.

Го поздравуваат формирањето на националната платформа, но додаваат дека е неопходна вистинска дигитализација во образованието. Онлајн наставата, велат, дополнително ги погоди најранливите групи.

„Затворањето на училиштата ги продлабочува нееднаквостите, при што околу 40000 ученици немаат финансии за учество во процесот на учење на далечина, овие алатки потребни за непречено водење на процесот од дома или далечина. На ова треба да се додадат семејствата кои имаат само еден лаптоп, што не е доволно да ги задоволи потребите на сите членови“, укажа Ходаи.

Средношколците на крајот на август излегоа и на протест откако беше најавено дека наставата ќе се одвива целосно онлајн, и порачаа дека сакаат комбинирана настава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

ВЕСТИ October 8, 2025

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.