Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сомнителните зделки во „Дрисла“ добија судски епилог

0
By Нова ТВ on August 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управниот суд денеска на својата интернет страница ја објави пресудата, донесена на средината на јули, со која ја прогласил за неважечка одлуката за концесија на депонијата Дрисла.

Тужбата ја поднел германскиот конзорциум „Шолц“ второ-рангираниот на тендерот за партнерство што го распиша Град Скопје.

„Одлуката на Советот на Град Скопје за избор на приватен партнер/содружник за вложување во Јавното претпријатие, со цел вршење на концесиска дејност, депонирање на отпад на депонијата Дрисла, од 13.09.2012 година се поништува“, стои наведено во пресудата донесена од Управниот суд.

Партнерството помеѓу депонијата „Дрисла“ и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“, вредно 74 милиони евра, беше најавено како проект кој преку модерен третман на скопското ѓубре од кое депонијата ќе произведуваше струја.

На оваа пресуда поднесена е жалба од страна на Град Скопје, по која се уште нема одлука.

Нова уште пред неколку недели ја обелодени афератакоја прерасна во меѓународен скандал кој што секако не испраќа позитивен сигнал до странските инвеститорите според брифинзите на странските претставништва во земјава. Според податоците кои ги објави НОВА од Централниот регистер во Италија, инвеститорот ФЦЛ „Амбиенте“ е, всушност, тазе компанија основана на 9 февруари 2012 година или помалку од една година пред потпишувањето на договорот и дури три месеци по објавувањето на тендерот од страна на град Скопје, а со статус на денот на регистрација „неактивна“. (јавен повик 17-3898/2 од 17.11.2011).

-ФЦЛ Амбиенте е подружница на Финансискиот центар Лацио С.П.А , специјализирана во областа на животната средина и енергија. FCL Амбиенте беше основан со цел стекнување на депонијата Дрисла-Скопје во Македонија, преку учество на меѓународниот тендер за приватизација на истите, пишува на веб странициата на Лацио С.П.А.

>>Град Скопје: Документите за концесионерот на Дрисла се тајна

Но, ФЦЛ Амбиенте не е „само“ формирана три месеци по објавувањето на повикот на градот, туку буквално три дена пред отворањето на понудите од фирмите учеснички на тендерот. Во дописот на комисијата која била избрана да одлучува за тоа кој е најдобар понудувач до Советот на град Скопје го пишува следново:

-Крајниот рок за доставување на понудите од првата фаза на постапката за претквалификација без јавно отворање, првично беше закажан за 17 јануари 2012 година, но на барање на еден кандидат поради новогодишните и божиќните празници, рокот беше продолжен за 30 дена и беше закажан за 17 февруари 2012 година, ја објави НОВА информацијата која на советниците на град Скопје им ја пренел претседателот на Комисијата и директор на ЈП „Дрисла“ Горан Ангелов.

Попладнево со со реакција се јави и Социјалдемократскиот сојуз. Советничката од Град Скопје Софија Куновска го повика градоначалникот Коце Трајановски на политичка и финансиска одгворност, а упати порака и до премиерот Груевски.

– Го повикуваме премиерот Груевски итно да се откаже од скапите реклами со кои повикува странски инвеститори, бидејќи и најскапата реклама не може да ја покрие антирекламата направена со ваквите сомнителни зделки“, рече Куновска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.