Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Времето во земјава по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.