Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сонот на девојката од Замолчикедонија

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светот страда не заради злобата на лошите, туку, заради тишината на добрите луѓе
Сон. Те става на пердувите на магијата и те носи во недоглед. Околу тебе разнобојност, секакви цветови на радоста облечени во шарени фустани. Прекрасни птици песнопојки над главата. Совршенство, додека очите ти се затворени. Но, кога ќе ги отвориш очите, е сосема друга приказна. Не биле тоа цветови, туку само смрдено ѓубре кое сака да те затруе. Не биле тоа прекрасни птици, ами мршојадци кои едвај чекаат да ти го распараат срцето.

Сон, дволична појава чие второ јас е кошмарот. Кога ќе ги затвориш очите, и отровот може да ти изгледа како божествен напиток. Сон ли е, кошмар ли е? Треба ли да се плашам од она што го сонувам или да го претворам во реалност? Внимавајте, она што го сонувате со затворени очи, понекогаш не е толку совршено кога ќе го погледнете разбудени. Она што за некои луѓе е најголем кошмар, за други е прекрасен сон кој посакуваат да им се исполни. Убаво е да се има сон во животот, но не сѐ што сонуваме е голем сон кој треба да го оствариме.

Еднаш девојката Мирна од земјата Замолчикедонија ми го раскажа својот сон: „ Се сонував себеси како чекорам низ мојата прекрасна татковина Замолчикедонија. Чекорев низ прегратките на темнината која ја создаваа старите, дебели и оголени гранки на безбројните дрвја околу мене. Дрвјата кои ги беа посадиле оние кои управуваа со нашата држава. Сакале да нѐ заштитат од светлината на сонцето па, затоа и ја сокриле од нас, или нас од неа. Сеедно, тие знаат што е најдобро за нас, зарем не? Целосно им верувавме ним, а впрочем така и бевме израснати сите, во духот на трите добродетели. Се крстевме во трите божества кои царуваа со нашите души. Тишина, Послушност и Слепило. Tака се викаа нашите божества кои постојано нѐ благословуваа и всадуваа мир во нас. Тие се најзаслужни за трите начела врз кои се основаше целата наша држава. Ова се воедно и најкратките и наједноставните начела кои некогаш постоеле, се разбира, за секој да може веднаш да ги вреже во себе и никогаш да не ги изуми, а гласат вака: Слушам, не гледам и не зборувам.

Интересно, нели? Сите ги знаевме наизуст и во сонот да ги кажеме, а и ги почитувавме. Нашите богови беа генијалци, немаше нешто што не знаат, затоа и им беа десна рака на оние кои управуваа со државата. Управниците наши беа огромни џинови, барем така се зборуваше бидејќи никој не ги беше видел. Само некогаш излегувале меѓу луѓето во вид на сенки и им ја цицале крвта на бунтовниците. Секогаш гледавме по еден-двајца кои се обидуваа да излезат од маргините на нашето општество и го нарушуваа редот и мирот.

Лудаци кои говореа за некакво право на слобода, право на говор, право на свое мислење. Сите се чудеа за што зборуваат кога ние веќе имавме сите еднакви права – права на молчење. И не само тоа, туку и можевме да ги употребуваме каде и да посакаме, право на молчење дома, молчење на работа, молчење на училиште, молчење во јавност, немаше никакви ограничувања. Не знаеме ни за каква слобода зборуваа, ние не само што бевме слободни туку и бевме заштитени.

Џиновите нѐ штитеа дури и од самите нас. Толку многу се грижеа за нас што почвата по која газевме ја претворија во жив песок, а сите нас заедно нѐ ставија во еден мал брод за земјата побрзо да го голтне. Таму најдолу под земја, би биле најзаштитени. И додека полека, но сигурно се приближувавме до бакнежот на подземјето и си јадевме некое месо кои ни го дадоа, едно момче истапи напред и ни кажа дека месото што сме го јаделе било скапано месо. Рече дека тоа било месото на оние кои стоеле тука, на овој брод пред нас и дека тоа сме биле ние во блиска иднина, скапано месо. Ги здогледа сенките како доаѓаат и скокна од бродот. Замина да талка низ густите шуми велејќи дека тој знае што е најдобро за него и ќе оди да се ослободи од канџите на тиранијата. Не дознавме дали се спасил, но сите велеа дека најверојатно бил пијан или луд штом заминал од блаженството пред нас. И тогаш се разбудив. Ова беше мојот голем сон.“

Мирна заврши со раскажување и веднаш замина. Жално е што никогаш не дознав дали ова е нејзин сон кој сака да се исполни. Убаво е да се има свој сон, сѐ додека човек не го изгуби чувството за границата меѓу голем сон и кошмар. Паметам само дека пред да замине ја прашав дали е свесна колку само била несвесна во нејзиниот сон. Таа ми се насмевна и ми рече дека не е важно што мислела таа на овој свет бидејќи тие три божества ќе се погрижеле секој да ја добие својата награда на другиот свет.

Навистина, можеби и ќе ја добие својата награда на другиот свет. Но, ние сме донесени на овој свет со причина, а тоа сигурно не е да се оковаме сами во синџири. Мора да направиме нешто за овој свет, да се избориме за него, да се избориме за себеси бидејќи ͈светот страда премногу. И тоа, не поради злобата на лошите луѓе,туку, поради тишината на добрите˝.

Марија Трифуновска
Авторката е студентка на филолошки факултет

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултуимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови.

Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.