Критики од словачките медиуми – сопругот на косовската претседателка Атифете Јахјага, на Самитот на претседатели на централна и југоисточна Европа, којшто се одржува во Братислава, дошол несоодветно облечен и го прекршпил протоколот.
„Сопругот на косовската претседателка Атифете Јахјага, кој е дел од официјалната делегација треба да го почитува протоколот. Тој не одеше да игра голф. Ова е официјален Самит и тој требаше да го знае тоа. И претседателката треба да знае“, вели Олга Перушкова, експерт за протокол.
Според словачките медиуми ова е непочитување на словачката држава како домаќин на Самитот, а официјална Братислава се уште го нема признато Косово.