Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соработник на адвокатот на Јанкулоска и Темелко е иницијаторот до Уставен суд

0
By Сашка Цветковска on February 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА трагаше по информации за непознатиот адвокат којшто ја поднел иницијативата за измени во Законот за помилување до Уставниот суд. Млад адвокат од Охрид кој е соработник во канцеларијата на Љубчо Наумовски, еден од адвoкатите на Јанкулоска и Темелко

Адвокатот којшто ја поднел иницијативата до Уставниот суд е соработник во адвокатската канцеларија на Љубчо Наумовски, познат адвокат од Охрид којшто во процесот „Титаник“ покренат од Специјалното Јавно обвинителство е дел од адвокатскиот тим на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, двајцата обвинети за изборни измами.

Со името на адвокатот Ристо Китевски денеска се занимаваше целата јавност. Човекот, чие име не даваше резултати ниту на интернет пребарувачот „Гугл“, покрена многу контроверзи – кој е адвокатот чија што иницијатива е најбрзо процесуирана во историјата на Уставниот суд и во која што тој цени дека е неуставно претседателот да не може да помилува лица осудени за изборни имами и нерегуларности. Кој е човекот кој за само три недели од иницијатива стигна до процес и победа во институцијата кој би требало да го брани Уставот.

Извори на НОВА говорат дека Ристо Китевски полагал правосуден испит во 2014 година. Ако се суди по неговиот фејсбук профил, лиценца за адвокат добил пред три месеци, односно во декември 2015. Годинава во јануари, според добро упатени извори на НОВА, станал соработник на адвокатската канцеларија на Наумоски. Адресата којашто ја оставил во Уставниот суд е иста со адресата од канцеларијата на Наумоски во Охрид- Даме Греув број 26.


Наумовски десно и Китевски лево со лиценцата за адвокат

Нова се обиде да стапи во контакт и со Наумовски и со Китевски. Наумовски грубо се развика на телефон и ја тресна слушалката, додека Китевски не одговораше на повиците и смс пораките. Ниту Наумовски не одговори на пораки по неуспешниот обид да поразговараме со него.

Љубчо Наумовски е и член на Управниот одбор на Адвокатската комора чијшто претседател е Никола Додовски, во јавноста познат како правен застапник на премиерот во неколку случаи. Додовски, исто така, е дел од адвокатскиот тим на обвинетите во „Титаник“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.