Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сорос: „Отворен Балкан“ отвора можности и за Ромите во регионот

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два меморандума поврзани со Стратегијата за инклузија на Роми беа потпишани денеска во Владата во присуство на премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество (ФОО) Алекс Сорос.

Првиот меморандум е за соработка и промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Северна Македонија и го потпишаа министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и Петрика Дулгеру од Иницијативата за економските развој на Ромите – РЕДИ.  Вториот меморандум е за соработка за спроведување на итни интервенции во поликлиниката „Шуто Оризари“ и го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче, директорите на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, и Елвис Шаќири од Ромалитико – Аваја.

Премиерот Заев истакна дека со потпишувањето на меморандумите се потврдува заложбата на Владата за социјални и економски политики за поттикнување на претприемништвото на ромската заедница, како и социјално-здравствени политики за поддршка на ранливите заедници.

Во однос на првиот проект, тој рече дека Владата го препознава потенцијалот на ромското претприемништво и долгорочна цел и е економска стабилност на ромската заедница.

Со проектот за финансиска поддршка за развој на претприемништвото кај припадниците на ромската заедница, со Мечинг-фонд на Владата на РСМ; МТСП, Агенцијата за вработување и Иницијативата РЕДИ, се овозможуваат пристапни и поволни услови за користење на финансиските средства, кои се предвидени во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување и регистрирани субјекти заради создавање услови за нови вработувања, за поддршка на формализација на сивата економија, како и за поттикнување на претприемништвото кај ромската заедница.

-За реализација на овој проект, со заедничко учество, односно мечирање средства на Владата на РСМ во износ од 61,4 милиони денари и со средства на Иницијативата РЕДИ во износ од 92,1 милион денари, ќе се обезбедат вкупно 153,5 милиони денари за реализација на овој одличен проект. Средствата за финансирање од страна на Владата од 61,4 милион денари се обезбедени од петтиот сет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19. Со Мечинг-фондот, првично вреден 153,5 милиони денари, создаваме услови за едноставно достапни и поволни наменски средства за да го поттикнат развојот во ромската заедница и за полесен премин во регистриарана дејност, егзистирање, но и унапредување и проширување во бизнисот. Нашите очекувања се дека голем број невработени лица и регистрирани субјекти годишно управувани од Роми преку овие мерки ќе имаат пристапни поволни услови за финансиски средства за формализација, реализирање бизнис-идеи, самовработување и унапредување на бизнисот, изјави Заев по потпишувањето на меморандумите.

За проектот за кој беше потпишан вториот меморандум – итни интервенции во поликлиниката во Шуто Оризари, Канцеларијата на ромските иницијативи во рамки на Фондацијата Отворено општество – Берлин обезбеди 63.800 евра, а имплементиран е од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“  во соработка со граѓанското движење „Аваја“, Министерстство за здравство и Здравствен дом-Скопје.

-Со овој проект придонесуваме за подобрување на условите во поликлинката „Шуто Оризари“ при справување со здравствени предизвици и управување и ублажување на последиците од Ковид-19 за ромското население во оваа скопска општина, рече Заев.

Со дел од тие средства е набавено амбулантно возило за итна помош за потребите на поликлиниката и за населението во ромската општина. Другиот дел од средствата, рече Заев, ќе се наменат за работно ангажирање за 24 месеци на две лица Роми во Здравствен дом-Скопје, за потребите на поликлиниката Шуто Оризари, и за функционирање на амбулантното возило. По истекот на двете години, тие ќе останат трајно вработени во поликлиниката.

Заев се заблагодари на ФОО и на сите вклучени организации во проектите и посака нивна успешна реализација.

Заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество (ФОО) Алекс Сорос изјави дека Ромите се надеж и потенцијал за Северна Македонија и за целиот Западен Балкан и се, како што рече, социјално ткиво на оваа средина која создава мултиетничка демократија – уникатна во многу аспекти и од која треба да учи и Европа.

-Ромите се соочуваат со две пречки – дискриминација, социјална и економска, и со нееднаквост. Токму затоа, младите ромски лидери се повикуваат за економско јакнење и затоа сакаме да ја поддржиме Иницијативата за развој на ромско претпримеништво-РЕДИ, и затоа со премиерот Зоран Заев и ромските претприемачи ја започнуваме иницијативата, рече Алекс Сорос, додавајќи дека ФОО ќе ја поддржува Иницијативата РЕДИ во земјава, како и сите Роми во Западниот Балкан за да се зголемат нивните можности.

Според него, иницијативата за соработка „Отворен Балкан“ помеѓу нашата земја, Србија и Албанија, промовирана вчера во Скопје, отвора нови можности и за Ромите и за другите луѓе во овој регион.

Алекс Сорос изјави и дека се надева оти средствата за реализирање на проекти за Ромите ќе бидат зголемени и преку финдовите на Европската комисија и со јавно приватно партнерство. Се заблагодари што нашата Влада прифатила партнерство со РЕДИ и заклучи дека од пред неколку години македонската Влада е посветена за приоритетите на Ромите во земјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Израел ја уапси Грета Тунберг

ВЕСТИ October 2, 2025

Израелската морнарица синоќа ја пресретнала флотилата на активистите кои се приближувале кон опколената палестинска територија,…

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.