Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соросоидите се секаде со одлично здравје

0
By Биљана Секуловска on November 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемото изненадување оваа недела ни го приредија драгите студенти, кога стотици, можеби беа и илјада, излегоа на протести против екстерното, одлучни во своите барања, сигурни во својата нова улога, самоуверени во сопствената мисија- само тие можат да го променат овој одвратен, мизерен свет. Со радост признавам дека не сум била во право само пред неколку недели, кога со потсмев ги повикав да изгледаат еден жесток холивудски филм, каде секој може да се пронајде во оној момент кога ќе одлучи дека е најлесно да се наведне главата, додека моќниците баш заради тоа со задоволство ви ја сечат, но иронијата допрва следи. Од страв да не не им е доволно значајна стркаланата глава пред нивните нозе, вие и не сте виделе дека одамна ви ја зеле душата.

Така е тоа со мнозинството македонски народ- секојдневно е растргнат помеѓу бедата во која живее и стравот да го крене гласот, го изјадува таа нејасна ситуација- што со себе со внатрешниот дијалог кој го води, како да го изведе целиот пазар,дали се да се одлучи помеѓу свитканата кичма или веднаш да ја сервира душата, за да не биде навреден светиот господар.

А земањето душа не оди така лесно со новинарите каде режимите немаат никакви шанси со борбата на моите колеги. Додека ги пишувам овие редови тука, во Куала Лумпур, состојбата со слободата на медиумите во Малезија многу лесно се преклопува со македонската. Таа е катастрофална во оваа земја и го допрела дното, според овогодишното рангирање на Репортери без граници- се работи за 147 место од 189 земји во светот. Опозицијата вели дека ова е најголем срам за премиерот Наџиб Разак и за тоа треба да одговара, како и тоа дека се изненадени всушност од вака високо место, ако ги земат во предвид репресиите на власта, на премиерот, кој го со потсмев го цитираат како вели за својата земја- се работи за најдобрата демократија во светот.

Македонија е на 123 место, ми се чини дури и сосема незаслужено така високо, ако го земете малезискиот пример. Без да им го намалам или одземам гневот кој го чувствуваат кон власта, затоа што има и многу сличности со нашите страдања, предноста за која сепак се избориле е огромна, недостижна за нас. Медиумите кои се критички немаат никакви проблеми да добијат реклами од големите и средните фирми, заради што можат да си дозволат да живеат од реклами и да ги развиваат медиумите низ годините на пазарна основа. А соросоидите- фала на прашање, и тука се со одлично здравје.

Или погледнете ја Колумбија, побогу.Земјата во која претседателскиот кандидат поддржан од власта без страв дебатира со опозицискиот противкандидат, се наоѓа на 129 место, нешто подолу од нашава уплашена демократија. Само шест места сме погоре, од земјата во која паравоените герилски единици вршат притисоци врз новинарите, невладините активисти и синдикалците.

Во Македонија нема потреба од герила која им се заканува на новинарите кои умираат под неразјаснети околности или пак се праќаат на превоспитување во затвор. Работата одлично ја врши власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.