Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Соседи“ – документарен филм за правата на лицата со психо-социјални нарушувања

0
By Нова ТВ on June 10, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документарниот филм „Соседи“ денеска беше премиерно прикажан во Кинотека на Македонија, чија цел е подигнување на свеста за правото на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост да живеат во заедница, а кои се уште се соочуваат со маргинализација и социјална исклученост.

-Тоа е долгометражен документарен филм кој три години ја следеше деинституционализацијата на луѓето со психо-социјални тешкотии во Хрватска. Се работи со луѓе со психички болести дијагнози како шизофренија, манична депресија… и сите страшни дијагнози од кои се плашиме и ги познаваме од хорор филмовите. Се покажа дека тие луѓе се само луѓе, луѓе со свои проблеми со кои мора да живеат и на кои им треба поддршка да успеат во тоа, рече пред проекцијата режисерот и продуцент на филмот Томислав Жаја.

Душан Томшиќ, советник на министерката за труд и социјална полтика Мила Царовска, вели дека филмот служи како алатка за подигнување на свеста и промена во нашето размислување за лицата со ментална попреченост и оти треба да направиме напор тие да живеат нормално во заедницата.

– Ние како Министерство во последните две години го продолжуваме процесот на транформација на институциите и се надеваме дека во наредните години сите луѓе кои се затворени без кривична одговорност во овие институции да продолжат да живеат во заедницата, рече Томшиќ.

Од друга страна, тоа носи одговорност за државата да изгради системи за поддршка, пред се во делот на социјалата, образованието, здравството… за да може да им се даде на овие лица еднаква шанса да можат да живеат надвор со своите семејства, онаму каде што се родени или каде сакаат.

Проекцијата на документарниот филм е во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект „Градење на локален модел за деинституционализација на лица со попречености“.

„Соседи“ ја раскажува приказната на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост од Осиек (Република Хрватска), кои после декади поминати во изолација, ја напуштаат институцијата за згрижување и почнуваат независен живот. Филмот се прикажува во рамките на регионалната програма „DOX FOR CHANGE”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.