Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состојбите во Телеком – излезни решенија за новата власт

0
By Нова ТВ on August 11, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Симо Груевски, дипломиран инженер

За носење добри и лоши одржливи решенија, надлежните институции од новата власт, треба да располагаат со објективни и прави информации за состојбите во своите сектори. Во таа насока, јас цели 12 години ја обсервирам компанијата Македонски Телеком и со изјави и дописи се обидував преку медиумите да ја информирам јавноста за случувањата во истата.

Претходната власт немаше слух за моите укажувања и согласно нејзините интереси ги подржуваше, а со тоа ги усложнуваше состојбите во компанијата. Со податоци за злоупотреби и криминал во оваа компанија, навреме ги информирав сите надлежни служби и обвинителствата, но тука завршуваа сите мои напори во борбата за правда.

За жал, за моите активности поднесов 10-годишни судења – голгота од тужбите на компанијата во чиј развој го вградив целиот свој работен век, за да на крајот бидам предвреме избркан од истата, од страна на унгарските лопови на чело со атаманот Атила Сендреј, а со благослов на нашите интересџии Пенов и Црвенковски.

Но, да се навратам на сегашниве состојби, со надеж дека новата власт ќе има доблест и ќе се обиде да ги санира состојбите во оваа компанија, а тоа што не го сработи нашето, го сработи американското судство и за тоа наплати 200 милиони евра.

Изминатите години, Телекомот беше нива без стопан, комплетно партизирана и приватизирана од партијата на власт преку нејзините претставници  Луковски, и погодна за грабеж од унгарските и од нашите интересџии.

Компанијата Македонски Телеком беше избрзано приватизирана (продадена) на унгарскиот Маџар Телеком на 15 јануари 2001 година и со сета своја инфраструктура за 317 милиони евра од страна на тогашната влада на Република Македонија, предводени од Љубчо Георгиевски.

За добивката од ваквата приватизација, ќе ги наведам споредбено податоците од 1999 година, кога компанијата беше 100% во државна сопственост на РМ, и за 2016 година во сопственост  од 51% на Маџар Телеком, а 35% сопственост на Република Македонија. Во 1999 година, Владата на Република Македонија имаше добивка од работењето на оваа компанија во износ од 65 милиони евра при број на 3672 вработени и 67.000 мобилни приклучоци, а во 2016 година, добивката за Владата на Република Македонија се сведе на 7 милиони евра, при 1.100 вработени и 1 милион и 300 илјади мобилни приклучоци. Спротивнo на резултатите, разликата во платите на менаџерскиот тим е уште пофрапантна.

Платата на првиот човек на Телеком во 1999 година не надминуваше 1.000 евра, за во 2016 година, главниот менаџер да има плата, не помала од 35.000 евра, што е поголема и од платата на германската канцеларка Меркел. Ова се должи на измената на законот за плати од 2002 година, со што се дозволи менаџерите во компаниите со приватна сопственост под 70% сами да си ги одредуваат платите.

Наредната 2018 година, истекува валидноста на концесијата добиена во 2001 година, скоро бесплатно од Владата на Георгиевски. За споредба, петнаесеттина земји од европската заедница во 2000 и 2001 година од продажбата на концесиите, само за мобилни мрежи инкасираа 300 милијарди евра или сведено по број на жители, Република Македонија требаше да наплати 800 милиони евра, само за концесија на мобилната мрежа. Сега е момент за продолжување на концесијата со што новата Влада преку Министерството за транспорт и врски, треба да се обиде да го исправи овој пропуст согласно европската пракса.

Поради лошите резултати и потребата за обнова на концесијата, доминантниот сопственик Дојче Телеком, а и поради лошото искуство со унгарските кадри во Телекомот, претпоставувам дека Дојче Телеком ќе бара решение за редефинирање на сопственоста. Тоа ќе биде можност за новата Влада сериозно да почне да размислува за иднината на оваа компанија.

Излезни решенија:

1.Новата Влада треба да лоцира кадрови во бордот и менаџментот со доминантен кредибилитет, стручност и неспорен морален интегритет, личности неподложни на корупција и злоупотреби, бидејќи истите во периодот што предстои поради отуѓувањето на многу градежни објекти и поради стекнатите навики на странските менаџери со претходната влада ќе бидат изложени на многу обиди за поткуп. Поради сето ова, новата Влада треба да заведе ригорозна контрола на однесувањето на нејзините претставници во Телеком. Преку оваа компанија, Владата или ќе ја докаже својата антикорупциска стратегија, или ќе го изгуби угледот.

2. Владата под итно да го врати законот за плати во состојба пред измените од 2002 година.

3. Да се држи согласно акционерскиот договор од 2001 година (овој договор има третман на меѓународен договор и истиот не трпи интерни промени), кој за жал досега не беше почитуван.

4.Преку реформираниот судски систем да подржи расчистување и санкционирање на случаите за корупција и злоупотреба во Телекомот од минатиот период.

Очекувам Владата да остане на ветените стратегии од својата програма, со што ќе ја заслужи подршката на членовите од СДСМ ид граѓаните на Република Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.