Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на министри не знае како понатаму со Македонија

0
By Борјан Јовановски on December 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Советот постои дилема каква да биде формулацијата на заклучокот и дали таа треба да значи понатамошен ангажман на ЕУ во надминувањето на проблемите или пак Македонија да се остави сама да го решава она што веќе во неколку наврати и беше посочено.

Советот на министрите на ЕУ попладнево ќе ја донесе одлуката за Македонија а по петтата по ред препорака на ЕК за почеток на преговори за членство. Она што е сега извесно е дека датум за преговори нема да има. Во Советот постои дилема каква да биде формулацијата на заклучокот и дали таа треба да значи понатамошен ангажман на ЕУ во надминувањето на проблемите или пак Македонија да се остави сама да го решава она што веќе во неколку наврати и беше посочено.

Преставниците на земјите членки на ЕУ на вчерашниот состанок не успеаа да ги усогласат ставовите. Една група на земји членки предводени од Чешка, Холандија и Австрија се обидуваат да издејствуваат заклучоци како минатата години што подразбира процесот на изнаоѓање на решение за името како и проблемите со Бугарија да се решаваат во процесот на преговори за членство. Ова подразбира да се овозможи старт на преговори штом Македонија направи напредок на овој план исто како и на планот на демократските реформи пред се надминувањето на проблемите со слободата на медиумите. 

Според  овие земји членки важно е да се донесат вакви заклучоци за да се задржи кредибилитетот и влијанието на ЕУ во интеграциските и реформски процеси во Македонија. Оваа група на земји членки стравува дека повлекувањето на ЕУ од  овие процеси може да доведе до влошување на состојбите како на реформски план така и на планот на меѓуетничките односи во Македонија.

Од друга страна Грција и Бугарија сметаат дека треба експлицитно да се наведе дека Македонија ќе започне процес на преговори кога целосно ќе ги исполни улсовиле на планот на добрососедските односи и демократските реформи.

Грција и Бугарија имаат поддршка од некои земји членки кои сметаат дека Македонија не покажала резултати во реформите лани кога ЕУ се ангажираше во решавањето на критичните проблеми.

Конечно постои група на земји членки кои се индиферентни кон Македонија и сметаат дека ЕУ досега во повеќе наврати кажала што се треба да се исполни за да се добие датумот за преговори и дека на Македонија е да покаже дали сака или не преговори за членство.
Различните ставови на земјите членки на ЕУ ќе добијат конечна формулација во заклучоците на Советот попладнево кога на дневен ред  е Западниот Балкан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.