Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Соживот во селските средини има, но животот таму полека згаснува

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една слика, илјада зборови. Оваа фотографија само по себе кажува како живеат луѓето од различни етнички заедници во тетовското село Копанце што припаѓа под општина Јегуновце.

Чедо Ендровски, по етникум Македонец, со неговиот соселанец и пријател, Меметали Алити, вели дека уште од детство минуваат одлично. Колку што можат заедно помагаат за селото. Како дел од месната заедница на инфраструктурен и комунален план, соработуваат како едно село, иако истото територијално селото е поделено на македонско и албанско маало. Нивното пријателство, како што вели Ендровски, има историски корени.

„Животот е убав. Со никого се немам искарано. Нон-стоп одам во црква, а сите соседи околу се Албанци и со никого немам проблем. За време на втората светска војна, брат ми го спасил татко му на Меметали. Таков човек нема да се роди. Многу работеше за селото“, вели Чедо Ендровски.

Во Копанце живеат околу 150 албански семејства и околу 60 македонски. Мештаните велат дека македонското и албанското маало се формирани врз основа на имотите што ги имале нивните предци. Но, сега работите, како што велат, се испреплетени. Околу црквата живеат албански семејства, црквата е веднаш до џамијата, има две кафеани што ги држат Албанци, но без разлика тука одат и Македонци и Албанци.

Соживот имало и ќе има, но исселувањето ќе го замре животот

Меметали Алити е еден од најстарите жители во општина Јегуновце. Има 92 години. Вели дека минал и бугарско, и српско, и комунистичко време, но во неговото село, за разлика од другите, соживотот сега е на највисоко ниво. Задоволен е што меѓуетничка кохезија има кај младите кои се дружат и се помагаат. Соживот имало и ќе има, но, според него, како тргнала работата со исселувањето, во ова село ќе згасне и животот.

„Може да кажам дека има соживот меѓу Македонци и Албанци. Тука се осум села со македонско население, а Копанце е мешано и има околу 150 албански семејства и околу 60 македонски. Проблеми немаме, напротив супер живееме. Немавме проблеми ниту во 2001 година, тука ништо не се случуваше во тоа време, војната како да беше во друга држава. Но, голем проблем е што младината се сели“, вели Алити.

Фабриката Југохром во која имаше многу вработени не работи што беше причина, раскажува тој, голем дел од луѓето да се отселат.

„Соживот има, ама живот нема оти нема веќе народ. Многу луѓе се отселија во Скопје. На ова треба многу да внимава Владата, нема економисти да размислуваат за оваа проблематика. Соживот е супер и попот ќе влезе, ќе испие еден чај и оџата, двајцата заедно седат во иста кафеана, помирен живот нема. Сега има подобра соработка од порано. Mладите повеќе нè почитуваат отколку порано, мислам на македонската младина. Покултурни се, ама бадијала, полека сите ќе си заминат. Да дојдете околу 16 часот, имаме заедничка кафеана и тука сите седиме. Македонците земаат бугарски пасош поради сиромаштијата, нашите, мислам на Албанците, имаат фамилија во странство и ги повлекуваат“, додава Алити.

Градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажевски, оценува дека во неговата општина има соживот како резултат на историската соработка на луѓето од различни етнички заедници.   

„Општина Јегуновце е мултиетничка општина и има 17 села. Јас како градоначалник во кампањата се залагав општината да биде една за сите, без разлика на националности и затоа уште во првата година почнав да правам проекти во сите села. На пример, во село Јажинце, чисто албанско село, имаме направено пат, потоа имаме аплицирано во Бирото за регионален развој за изградба на пат Жилче – Шемшово каде е планирана и пешачка патека. Со мојата работа докажав дека можеме да работиме и да имаме еднаков пристап за сите“, рече градоначалникот Блажевски.  

И градоначалникот признава дека соживот има, но мора да се работи на одржување и зачувување на животот во општината во која фабриката Југохром што се затвори многу придонесуваше за опстанок на жителите од овој крај кои полека се отселуваат.

Копанце соживот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.