Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (У21): Македонија закажа четврт-финале со Франција

0
By Нова ТВ on July 27, 2017 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавија и испорачаа. Македонските ракометни надежи оставија срце на терен, со пресврт во второто полувреме го совладаа Алжир со 24:20 и закажаа средба со Франција во четврт-финалето на младинското Светско првенство. Дуелот со „триколорите“ е попладнево од 19,30 часот.

Филип Талески и Наим беа најефикасни играчи на натпреварот со осум погодоци. Палевски реализира четири, а по три во големиот успех на „црвено-жолтиот“ тим вградија Кузмановски, Шилегов и Велковски.

Три четвртини од натпреварот во „Хацене Харча“ арената мина во резултатски егал. Алжирците за еден гол (10:11) го решија во своја корист првото полувреме, а ништо поразлично не беше ниту во првата половина од продолжението по што почна „бегството“ на избраниците на Илија Темелковски. Талески нанижа три гола во македонската серија со 4:1 што добија на тежина и со неколкуте одбрани на Томовски за фрлање во очај на домашните и еден вид на навестување на гледалиштето во чија насока ќе оди завршницата.

Конечниот триумф дојде како последица на зацврстување на играта во дефанзива и навременото затворање на приодите кон голот. Алжир се потешко го наоѓаше патот до целта и се повеќе паѓаше под притисок од пораз за разлика од Македонија чии ракометари ја добија потребната самодоверба и со мудра игра го приведоа мечот до крај за комплетирање на големиот успех на северот на африканскиот континент.

Алжир – Македонија 20:24 (11:10)

Спортска сала: „Омниспорт Хацене Харча“ во Алжир. Гледачи: 10.000. Судии: Миклош Андорка и Роберт Хукер (двајцата од Унгарија).

Алжир: Кемичи, Гедбане (6 одбрани), Наим 8, Хелал 2, Коури 2, Ел Фреџ 1, Меклут, Бенмесуд, Ел Блида, Џедид 2, Хамад, Хаџ 2, Џема, Бентаиб, Џегаба, Абди 3. Селектор: Рабах Герби.

Седмерци: 2/5. Исклучувања: 2 минути.

Македонија: Томовски (4 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Лазаревски 1, Димитриоски, Јагуриноски, Нелоски, Танкоски, Велковски 3, Шилегов 3, Петровски, Талески 8, Кузмановски 3, Крстевски, Џонов, Палевски 4, Арсеновски 2. Селектор: Илија Темелковски.

Седмерци: 1/3. Исклучувања: 4 минути.

СП во ракомет (У21) – Алжир/осминафинале

Резултати

Франција – Фарски Острови 28:25

Тунис – Исланд 28:27

Шпанија – Аргентина 27:21

Германија – Шведска 31:28 по продолженија (26:26 по 60 минути)

Хрватска – Русија 25:34

Унгарија – Словенија 26:25 по продолженија (21:21 по 60 минути)

Алжир – Македонија 20:24

Данска – Норвешка 34:27

Двојки за четврт-финале

Денеска играат

Данска – Русија (19,30 ч.)

Франција – Македонија (19.30 ч.)

Унгарија – Шпанија (19,30 ч.)

Германија – Тунис (19,30 ч.)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.