Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Чувањето на независноста е наша заедничка обврска, да живее Северна Македонија

0
By Sashko on September 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 септември.

„На 8 септември 1991 година, ние граѓаните одлучивме да живееме во слободна и независна Македонија и гласајќи за независноста и сувереноста на државата се обврзавме сите да ја градиме нашата татковина, Македонија, со јасна визија во која преовладуваат хуманоста, солидарноста и заедништвото и со јасна цел – дел од евроатлантското семејство“, стои во честитката.

Многуте предизвици коишто сме ги надминале во три деценискиот развој на нашата држава, како што наведува Спасовски, нѝ даваат мудрост да продолжиме со вложувањето во таа мисла за слободна и самостојна држава, за којашто нашите предци го дале најскапоценото – својот живот.
„И затоа, денеска може слободно да кажеме дека изградивме држава во која има сигурно место за сите нас. Едно општество ослободено од предрасуди, со воспоставена социјална правда, солидарност кон ранливите, грижа за културното наследство, за животната средина. Носиме нови инвестиции, носиме нови знаења, нови технологии, отвораме нови пазари за македонските производи, за повеќе работни места и поквалитетен живот во секој поглед. Изградивме држава во која правото владее неселективно. Создадовме полиција од европски ранг и воспоставивме ред, правда и дисциплина, а државата ја позициониравме како фактор за стабилност и безбедност во регионот“, посочува Спасовски.
Според него, ја исполнивме највисоката државна стратешка цел – членство во НАТО и на последен чекор сме до исполнување на втората – во преговори сме со ЕУ за полноправна асоцијација во европското семејство.
„Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска, и токму носењето мудри одлуки и исполнувањето на потребите на граѓаните преку државни институции со интегритет и кои ги следат современите европски и светски трендови за унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани, притоа гарантирајќи ја сигурноста на секој еден, е највисок чин на патриотизам. Нека е честит и вековит 8 Септември! Да живее Република Северна Македонија!“, стои во честитката од министерот Спасовски.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.