Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Динамизираните полициски активности даваат резултати во намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи

0
By Ivana on December 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на  Вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западeн Балкан, под наслов „Улогата на агенцијата за безбедност во соoбраќајот и важноста на веродостојни и доверливи податоци во креирањето политики“.

Министерот Спасовски се обрати на панелот за високи претставници на институциите на тема: „Во поддршка на втората декада – акција за безбедност на патиштата и визијата за нула жртви“, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот за соработка при делегацијата на Европската Унија во нашата земја Стефен Худолин.

Брзината е еден од главните проблеми за безбедноста на сообраќајот во светот. Постои силна поврзаност помеѓу брзината и бројот на сообраќајни несреќи, како и тежината на последиците од сообраќајните незгоди.

Министерот Спасовски се осврна на ефективноста на мерките за ограничување на брзината и начинот на кој МВР во изминатиов период работи на нивна примена и во своето обраќање рече:

„Министерството за внатрешни работи уште од 2018 година наваму драстично ги засили мерките и активностите во делот на безбедноста на сообраќајот на патиштата, пред сѐ во поглед на оперативното делување на сообраќајната полиција во сите организациони полициски единици. Тие нормативно-репресивни механизми беа и се насочени и кон прекршокот на брзо возење кој е еден од клучните фактори, поточно причинители на сообраќајните незгоди со  потешки и фатални последици“.

Министерот Спасовски појасни дека од страна на полициските службеници при редовното работење и спроведените контроли, во периодот од почетокот на годинава заклучно со 31 октомври регистрирани се 166.853 прекршоци, што претставува тренд на зголемување за 70% во споредба со истиот период од 2020 година, а пак за 80% се зголемени барањата за поднесување прекршочна постапка –  51.306 барања. Како најчести прекршоци, пак, за кои се поднесени овие барања се издвојуваат брзото возење, управувањето без возачка дозвола и употребата на нерегистрирани возила.

„Се разбира, вака динамизираните полициски активности даваат резултати изразени, пред сѐ, преку намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици, што покажува дека сме на вистинскиот пат“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека МВР, исто така, засилено работи и на техничко надградување на сообраќајната контрола, особено во поглед на пречекорувањето на пропишаната брзина на движење, преку набавка и користење на новите рачни радари „ласер кам 4“, опремени со уреди за ноќно снимање, а со цел подобрување на ефективноста на таквите мерки и воедно исклучување на човечкиот фактор и потенцираше дека во фаза на реализација е воспоставување на електронски систем за видео надзор за контрола на брзината на движење на возилата.

По прашањето на улогата на сообраќајната полиција во собирањето податоци од лице место на сообраќајните незгоди и усогласувањето на податоците со CADAS  протоколот, Спасовски ги истакна плановите за целосна дигитализација на системот и електронско поврзување  на податоците со GPS локација и поврзување со податоците од другите системи како што е здравствениот.

„Министерството за внатрешни работи во изминатиот период го реализираше првиот дел од проектот ‘Електронски записник од увид во сообраќајна незгода’, со кој се воспоставува централна, електронска евиденција на извршени увиди на сообраќајни незгоди, при што се обезбеди внесување, чување и обработка на податоците од Записникот за извршен увид на место на сообраќајната незгода“, рече Спасовски, додавајќи дека при изготвување на софтверското решение на унифицираниот Образец на Записник за извршен увид на сообраќајна незгода се пристапи и кон имплементирање на CADAS протоколот, при што беа инкорпорирани Записникот за увид на сообраќајна незгода, Прашалникот СН1 и податоците за Важните варијабли од CADAS протоколот, а стручните тимови веќе  работат на подготовка на втората фаза од проектот „Електронски записник за увид на сообраќајни несреќи“.

Спасовски најави дека во наредниот период  МВР планира да го надгради постоечкото софтверско решение за внесување на т.н. ГЕО – координати и можност за електронска размена на податоците со други институции.

На вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан земаа учество преставници на Меѓународната транспортна заедница, Светската банка, Европската комисија, Меѓународната автомобилска федерација и Светската здравствена организација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.