Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил напиша дека детално ќе се испита случајот со приведувањето на членови на Левица, за кои тврди дека само биле легитимирани.
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за приведување на лица кои протестирале денеска, сакам да инфoрмирам дека немаше случај на приведување. Лицата биле легитимирани. Истовремено сакам да ве информирам дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале. Детално ќе се испита случајот и ќе има соодветна информација за јавноста“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Фејсбук по реакциите во јавноста околу веста дека четворица членови на Левица биле приведени од полиција бидејќи протестирале против американската војска.
„Очекувам одговорност за полицискиот службеник кој неосновано примени сила, како и на тој кој ја издаде наредбата за разбивање на групата. Доколку тоа не биде исход на истрагата на СВКПС, тогаш можеме да бараме политичка одговорност.
Претходно партијата Левица извести дека полицијата потпомогната од АРМ насилно ги задржала демонстрантите и ги спречила слободно да се движат за време на презентацијата на воена опрема на САД и на АРМ. Демонстрантите носеле транспарент на кој пишувало„Против војната за профити!”.

