Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешниот Конгрес на партијата пред присутните порача дека по 11.декември, нема да има место повеќе за “тефтер судии“, осврнувајќи се на бомбите на опозицијата.
Како што порача Спасовски, правдата ќе важи за сите граѓани без разлика на етничка и верска припадност.
– Ќе ги намалиме судските такси, ќе воведеме бесплатна правна помош за одредена категорија на граѓани. Промените во правосудството се неизбежни, зашто граѓаните бараат измени, ние ќе воведеме независно правосудство, рече тој.
Се осврна и на заробеното „МВРО-ВМРО“ посочувајќи на Министерството за внатрешни работи, како што во бомбите го опишува екс-министерката Гордана Јанкулоска.
– Во МВР нема место за криминалци. Ќе го исчистиме МВР од најголемите криминалци. Довербата ќе ја добиеме со деполитизација на полицијата, МВР нема да биде ничиј партиски штаб. Ќе формираме полициски омбудсман. Полиција која ќе се грижи за безбедноста на граѓаните, полиција која ќе гои штити децата и граѓаните. Ќе воведеме маалски полицаец. Ќе изградиме полиција која ќе се грижи за стандардот на вработените, рече Спасовски.