Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски најавува посебна единица за борба против родово насилство

0
By Нова ТВ on March 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски на онлајн трибина организирана од Форумот на жени најави дека наскоро ќе се форимира посебна единица на Министерството за внатрешни работи која ќе се бори против родово базираното насилство.

„Горд сум што напорно работевме на подготвувањето на Законот за спречување на семејното насилство заедно со невладиниот сектор и надлежното министерство да ги елиминираме сите досега осознаени проблеми и кочници во постапувањето при откривањето и превенирањето на појавите на насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство. Меѓутоа, ние сите знаеме, дека само  усвојувањето на нови законски одредби не може во целост да го реши проблемот, потребна е силна комплексна активност на сите чинители во овој синџир на превенирање и постапување и тоа, од МВР, Јавното обвинителство, судовите, социјалните служби, образованието, граѓанскиот сектор, медиумите и сите други општествени чинители кои имаат надлежност и одговорност во оваа сфера.  Во тој контекст МВР активно работи на барање нови форми за зеднички партнерски пристап со невладиниот сектор и граѓаните, особено девојчињата и жените кои најчесто се жртви на вакви подмолни облици на деградирање. За таа цел, Министерството ќе предложи формирање на посебна единица, посебен Таск форс за борба против родовото насилство, составен од преставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури како и преставници на граѓанскиот сектор, што ќе преставува своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави. Нашето искуство во министерството за внатрешни работи за  формирањето и ефикасноста на делувањето на овие форми е исклучително позитивно и покажува дека вакви  мешовите облици на стратешко и оперативно  зедничко делување на повеќе надлежни институции  секоја во својот делокруг, доведува до брзи реакции, брзи завршници. Исто така, оваа еднициа ќе креира стратегија и  планови за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни оргаани, како и други адекватни активности во медиуми, образованието и во сите други области кои мора да бидат активни чинители во синџирот на постапување.

Спасовски потенцираше дека Министерството за внатрешни работи е пример за еднакви шанси за унапредување на жените во хиреархијата, дека и полицијата е место каде жените можат да напредуваат и да извршуваат важни и одговорни позиции.

„Горд сум на процентите кои покажуваат зголемување на учеството на жените во управувачката структура на министерството кое јас го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури  на полицијата. Во 2015 година нема ниту една жена командир на полициска станица, а сега има неколку, како на пример во Куманово, на најголемиот граничен премин „Богородица“  во Гевгелија, но и во други неколку градови“, посочи Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.