Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Неповредливоста на домот мора да се почитува

0
By Нова ТВ on October 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните начела и закони ќе се почитуваат и тоа начело за неповредливост на станот или на домот е начело што нема алтернатива и мора да биде почитувано, беше дециден денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола за проверка на домовите и дали ќе и треба на полицијата налог од Суд.

За тоа дали има механизми за проверки и контроли, Спасовски потврди дека има и појасни оти и сега има такви потреби и врз основа на тоа се прават такви контроли. Тој повика да се почека Владата да ги донесе одлуктие и потоа да се одговори на сите дилеми што постојат кај граѓаните

– Не би сакал да разговараме сега кога не се усвоени на Влада, за обликот на тие мерки и што треба да опфатат. Ќе ги слушнеме мерките и аргументите на здравствените власти за секоја од мерките и тогаш ќе се донесе одлуката на Владата. Граѓаните треба да знаат дека постапувањето на полицијата ќе биде исклучиво во заштита на уставните начела и на законските норми, изјави Спасовски, кој денеска учествуваше во хуманитарната акција „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“, што ја почна Општина Гази Баба.

Тој уште еднаш повтори дека неповредливоста на домот е уставна категорија и тоа е свето нешто за секој граѓанин и тоа никој не може да го загрози, меѓутоа, истакна дека одлуките што ќе бидат донесени, а се во функција на заштита на животот и здравјето на граѓаните, секако дека ќе бидат предвидени и ќр има соодветни механизми на котрола и на нивното спроведување.

– Ова е предлог што го дава Комисијата за заразни болести, а јас не учествувам и немам надлежност да разговарам, ова е од аспект на струката, на тоа што тие го процениле од здравствени аспект. Тие предлози треба да дојдат на Влада, да бидат образложени и врз основа на тоа да биде донесена одлуката, а каква одлука ќе се донесе ќе видиме после седницата на Влада, појасни министерот Спасовски.

Прашан дали смета дека треба да биде дел од Комисијата за заразни болести, Спасовски одговори дека апсолутно нема потреба ниту тој, ниту кој било од македонската полиција да биде дел од оваа Комисија.

– Што е тоа што ние ќе понудиме. Ние треба да ги чуеме аргументите на здравствнеите власти. Комисијата за заразни болести и здравствените власти треба да ги оставиме да одлучуваме врз основа на наука. Не треба да бидам член затоа што ниту јас, ниту кој било од МВР не можеме да одговориме на прашања поврзани со здравствениот аспект, апредлозите доаѓаат на Влада и имаме можност да ги кажеме нашите аргументи и за тоа да донесеме одлука, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.