Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски побара информации за нападите врз новинари и врз Општина Центар

0
By Влатко Чаловски on December 3, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски при денешната посета а СВР Скопје, пред медиумите најави дека побарал инфорамции до каде се истрагите врз нападите на новинари како и за нападот на општина Центар.

– Се договоривме до понеделник на мое барање да се достават сите информации за нападите врз сите новинари во Скопје, зашто има сериозни напади, да видиме до каде е постапката и истрагата, да видиме исто така и во однос на нападот на општината Центар, изјави министерот.

>> Како „менаџираше“ Јанкулоска во случајот верниците против општина Центар

Тој рече дека во период кој следи, тој ќе изврши посета на сите подрачни единици на МВР во рамките на Македонија, за одблиску да се запознае со ситуацијата и процесите кои се водат во нив.

Во однос на известувањата на грчките медиуми дека мигранти се судриле со македонската полиција, министерот одговори дека енеска немало судир, иако ноќеска било тензично, со обиди да се помине оградата.

– Имаше оштетување на две места на оградата, има тензии на грчка територија помеѓу економските мигранти и бегалците. Ние како МВР со човечки ресурси сме подготвени да застанеме во одбрана на мирот во Македонија. Се надевам дека ќе се донесе добра одлука на ниво на ЕУ и врз основа на таа одлука заеднички да се реши проблемот, рече Спасовски.

Како што потенцираше тој, безбедносната состојба во Скопје е стабилна, а зголемените мерки на безбедност се превентивни за виталните објекти и дипломатско-конзуларните претставништва.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски рече дека засега истрагата со личните карти е во тек, дека треба да се остави простор за истата, и дека допрва ќе се утврдува дали личните карти доставени во МВР неодамна, биле искористени за изборни или некакви други цели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.