„Поминавме голем број на населени места, се сретнавме со многу граѓани. СДСМ го слушна гласот на народот, директно, очи в очи. На Македонија и се потребни промени. СДСМ ги започна промените од себе. Целосно променет, со нови лица, нова енергија и нова политичка понуда“, истакна пред новинарите Оливер Спасовски, Генерален секретар и Шеф на изборен штаб на СДСМ.
Граѓаните го поддржуваат новиот концепт на СДСМ за нов почеток, рече тој и повика- сите заедно да се избориме за неопходните промени. Заедно, да го направиме првиот чекор во недела. Масовно да излеземе и да ги најавиме промените со голема победа на Стево Пендаровски.
„Никој не може да знае за кого ќе гласате. Пристоците и заканите на власта веќе не поминуваат. Граѓаните на Македонија бараат промени. Недела, 13-ти април е вистинската шанса која мора да ја искористиме. Зад параванот сме сами. Го имаме најмоќното демократско средство со кое може да влијаеме каква ќе биде Македонија утре, во каква Македонија ќе живеат нашите деца“, рече Спасовски.
Со повик го гласачите за масовна излезност во недела, на 13-ти април- да го направиме вистинскиот избор, Стево Пендаровски за претседател на Република Македонија. Македонија заслужува претседател!, истакна Спасовски.