Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Владата прави пуч во МВР

0
By Нова ТВ on April 22, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сакам да ја известам јавноста дека сум оневозможен од страна на Владата на Република Македонија да раководам со Министерството за внатрешни работи, во овие исклучително тешки моменти за државата, па според тоа и да одговарам за последиците од ваквиот свесно креиран хаос во министерството, вели во соопштение до јавноста министерот Оливер Спасовски. Соопштението го објавуваме во целост.

„Владата создаде услови за извршување на пуч во МВР. Владата,  за мене од неразјаснети причини, не ја испочитува мојата јасно изразена воља  преку оставката која ја поднесов на  6.04.2016 година од функцијата министер  за внатрешни работи и истата не ја достави до Собранието .

Од друга страна , Владата на два пати ги поништи Решенијата и Правилниците донесени од моја страна. Со тоа  органот кој треба да биде чуварот  на Уставот и законите во Република Македонија, со своите незаконски одлуки тотално го дерогираше правниот систем и направи целосен хаос во функционирањето на министертвото за внатрешни работи.

И покрај моите укажувања, предупредувања и наредби  доставени до директорите на органите во состав на Министертвото за внатрешни работи и сите вработени во министерството да ги почитуваат законите и хиерархијата во министерството, Владата  со последната Одлука донесена во ноќта пред распуштањето на Парламентот, го зададе завршниот удар на правниот систем на Република Македонија и на нормалното функционирање на МВР.

Замислете, Владата  му забрани на министерот за внатрешни работи да потпишува документи, а со тоа и да раководи со органот. Не постои држава во светот каде што е позната ваква небулозна наредба издадена од највисокиот извршен орган на земјата.

Освен, што ми забрани да ги извршувам своите со Закон утврдени надлежности, Владата ги поттикна останатите функционери во министерството  да ги спроведат нејзините незаконски одлуки и  да вршат кривични дела, за кои ќе одговараат. Последниве два дена директорите на УБК и државниот секретар на МВР надвор од законските  надлежности, издаваат  усни наредби  на потчинетите , за одземање на канцелариите, менување на бравите , исклучување на картиците на дел од вработените чии решенија Владата незаконски ги поништи. Со овој чин фактички и директорот на УБК и државниот секретар , од своја страна ги потикнуваат вработените да извршуваат кривични дела, преку реализирање на овие оперативни задачи, за кои се одговара според Кривичниот законик.

Според информациите кои ги имам, Државниот секретар ја презема улогата да раководи со МВР. Сигурно Ви е јасно дека со тоа се  создава безвластие и комплетен хаос во Министерството за внатрешни работи.

Јас сум министер за внатрешни работи и не прифаќам никакви палијативни решенија и комбинации на заедничко раководење со министерството, па според тоа не прифаќам ни наметната одговорност за надлежности кои свесно ми се одземени“, се вели во соопштението од министерот Оливер Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.