Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Во 2022 година се издадени 15.978 патни исправи на наши граѓани во странство

0
By Sashko on September 23, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: pravdiko.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издадени се 15.978 патни исправи на наши граѓани во странство и зголемен е бројот на барања за издавање на лични документи во 2022 година, споредбено со претходните години, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот профил на Фејсбук.

Тој информира дека само во текот на јуни, на јули и на август оваа година се поднесени вкупно 91.138 барања за издавање на лична карта и 148.115 барања за издавање на патни исправи.

Според него, евидентна е големата разлика од бројот на барања што биле поднесени во 2017 година, во 2018 година и во 2019 година.

Во 2017 година (јуни, јули и август) се поднесени вкупно 40.110 барања за издавање на лична карта и 103.347 барања за издавање на патни исправи. Во 2018 година (јуни, јули и август) се поднесени вкупно 58.977 барања за издавање на лична карта и 107.126 барања за издавање на патни исправи. Во 2019 година (јуни, јули и август), пишува Спасовски, се поднесени вкупно 60.244 барања за издавање на лична карта и 124.263 барања за издавање на патни исправи.

„Големата разлика на бројот на поднесени барања во 2017 година, во 2018 година и во 2019 година, во споредба со тековната 2022 година, се должи на поставувањето на новите базни и мобилни станици во странство, во амбасадите и во генералните конзулати, почнувајќи од 1 октомври во 2021 година, и до 20 септември оваа година на 15.978 наши граѓани им помогнавме во издавањето на патни исправи“, напиша министерот за внатрешни работи на Фејсбук.

Со проектот за базни и мобилни станици, нагласува тој, го решивме деценискиот проблем на нашите граѓани од дијаспората – услугата за издавање патни исправи се олеснува и скратува, а се избегнуваат и гужвите на шалтерите на Управните служби.

„Исто така, со дигиталната трансформација на процесите на МВР, граѓаните имаат можност да закажат термин за сликање за лични документи преку termin.mvr.gov.mk или uslugi.gov.mk.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

ВЕСТИ September 25, 2025

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно…

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.