Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски за барањата на СЈО: Потребна е сериозна заштита на сведоците

0
By Влатко Чаловски on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реагирајќи на пишувањата на некои од медиумите кои во јавноста важат за блиски до власта, дека сведокот на СЈО во случајот „Трезор“ веќе се знаел во Министерството за внатрешни работи, на денешната прес-конференција министерот Оливер Спасовски порача дека прашањето треба да биде упатено кон пратениците.

Како што вели тој, токму поради овој случај како и останатите сведоци, пратениците треба да ги донесат измените кои ги бара Специјалното јавно обвинителство.

– Тоа е прашање кое треба да се постави пред пратениците и мислам дека барањето од страна на Специјалното обвинителство да се направат измени во Законот за заштитени сведоци се реални бидејќи не само тој сведок туку и било кој друг сведок во било која постапка треба да биде сериозно заштитен заради тоа што дополнителна тежина претставува начинот на кој институциите се окупирани во Република Македонија, изјави Спасовски.

Тој ургира дека се потребни јасно дефинирани законски одредби и начела врз основа на кои ќе бидат заштитени сведоците а со цел Специјалното јавно обвинителство да има успешни постапки.

За случајот „Трезор“, веб-сајтот Курир пишува:

„Наши извори од МВР ни потврдија дека веќе целото Министерство гласно говори за идентитетот на сведокот и тој во разговор со колеги неофицијално им кажал дека во записникот од дадениот исказ никаде не стоело, ниту дека некој му наредил или му наложил било што. Напротив, неофицијално се дознава дека и кон него биле упатувани закани и уцени од типот „или си со нас или си против нас“, „ако не зборуваш како што треба, ќе завршиш како останатите“ или „помогни ни за да ти помогнеме“.

Претходно пак, специјалната обвинителка Катица Јанева, додека одговараше на прашањата на пратениците на Комисијата за политички систем и меѓуетнички односи за време на објаснувањето на вториот шест-месечен извештај во Собранието, порача дека потребни се измени во Законот за заштита на сведоците со цел да се решат индициите за криминал кои произлегоа од бомбите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Обвинителката Јанева бара сама да одлучува кој ќе биде заштитен сведок, наместо одлуката да ја носи Совет составен од повеќе луѓе, како што налага сегашниот закон.

СЈО бара овој Совет да го нема и само таа да ги знае информациите за тоа кој ќе стане заштитен сведок во постапките кои ги води обвинителството.

За одредено лице да биде вклучено во Програмата за заштитени сведоци, сега предлог поднесува Јавниот обвинител на РМ, врз основа на писмено барање добиено од надлежен јавен обвинител, судијата кој постапува по предметот или МВР.

Потоа одлучува Советот, а доколку за некој сведок треба да се продолжи програмата, повторно одлучува Советот на предлог на јавниот обвинител или раководителот на одделението.

Специјалното обвинителство смета дека премногу луѓе се вклучени во постапката за одредување заштитени сведоци, што може да доведе до протекување на информации за сведоците и загрозување на нивната безбедност.

Предлогот за измена на Законот за заштита на сведоци СЈО го побара уште во април.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.