Свештениците од повеќе епархии во Србија, Црна Гора и Република Српска како и од дијаспората започнаа иницијатива на премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, да му се одземат сите црковни одликувања. Причината е договорот за Косово.
На соборот на СПЦ кој треба да се одржи во вторник, најверојатно Дачиќ ќе остане без одликувањата.
Според српските медиуми, собрани се доволен број гласови против Дачиќ, откако Синодот на СПЦ ја нагласи штетноста на Бриселскиот договор, а Дачиќ го нарече како богохулец на царството небесно.
Инаку, српскиот премиер, Дачиќ е во официјална посета на Вашингтн каде се сретнал со потпретседателот на САД, Бајден.