Свештеници од Српската православна црква покренаа иницијатива да му бидат одземени сите црковни признанија на актуелниот српски премиер, Ивица Дачиќ, кои тој ги добил во претходниот период.
Како што објавуваат српските медиуми иницијативата е покрената поради многуте „богохулни и антицрковни изјави“.
Српски „Неделник“ пишува дека веќе се собрани доволно гласови против премиерот Дачиќ, и тоа „по недвосмислено објавениот став на СПЦ за штетноста на документот од Брисел“.
Црквата го критикува Дачиќ за враќањето на споменикот на Јосип Броз Тито во Ужице и неговата оставштина која овој наводно ја промолкува.