Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјализантите по стоматологија ќе добиваат плата

0
By Менче Атанасова Точи on October 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката за да добиваат плата треба да помине на Управен одбор на ФЗОМ во петок и по завршување на административните работи, специјализантите ќе почнат да добиваат средства, потврдија за НОВА од Министерството за здравство

Обезбедени се финансиски средства за плати приватните специјализанти по стоматологија. Ова за НОВА го соопштија од Министерството за здравство, откако побаравме одговор зошто специјализантите не добиваат плата надоместок за нивниот труд иако пред три недели министерот Филипче вети дека пари ќе бидат обезбедени.

„Обезбедени се финансиски средства за специјализантите по стоматологија. На седница на Управен одбор на ФЗОМ во петок ќе помине одлуката за обезбедување надоместок и за оваа група на специјализанти. По завршување на административните работи, специјализантите ќе почнат да добиваат средства“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Претходно во текот на денот, вкупно 43-ца специјализанти по стоматологија се обратија во НОВА револтирани дека плата немаат добиено иако министерот Филипче вети дека средствата за септември ќе ги добијат во октомври. Тие објаснија дека не им биле побарани податоци, ниту трансакциски сметки  за да може да се реализира истата. Тие најавија дека доколку надлежните не им го исполнат ветувањето, од идната недела ќе штрајкуваат, се до исполнување на барањата.

„ Досега не сме добиле плата, ниту ни се побарани трансакциски сметки и други податоци за да може да се реализира тоа. Одлуката требаше да помине и на Управен одбор на ФЗОМ, но нема информација дека такво нешто се случило. Доколку не си го одржат ветувањето ние од идната недела ќе започнеме со штрајк се додека не бидат исполнети нашите барања“, изјавија утринава за НОВА специјализантите по стоматологија.

По ова, откако НОВА побара одговор, надлежните експресно донесоа одлука да се обезбедат средства за сите приватни специјализани по стоматологија.

На Стоматолошките клиники приватно специјализираат 43- ца стоматолози. Тие секојдневно ги извршуваат своите работни обврски со пациенти поради што бараат валоризација на нивниот труд, особено сега на  почеток на новиот семестар и подмирување на трошоците за специјализација кон Стоматолошкиот Факултет – Скопје, кои се дополнителен товар на младиот специјализант.

Претходно, тие му испратија Oтворено писмо на премиерот Заев за кој велат дека им е последна надеж дека ќе го реши нивниот проблем за да имаат рамноправен, правичен и еднаков третман сите приватни специјализанти, а излегоа и на мирен протест пред Министерството з а здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.