Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сплит: Апсења при откривање на споменикот на Туѓман

0
By Нова ТВ on May 17, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За време на церемонијата на откривањето на споменикот на Фрањо Туѓман во Сплит, полицијата уапси тројца членови и активисти на независната листа „Другото лице на Сплит“ поради развиорување на транспарент на кој пишуваше „Летај Туѓман, полетај“.

Транспарентот е парафраза на познатата сплитска песна „Летај галебе, полетај“.

Со овој чин независната листа на Драган Maрковин сакаше да го изрази незадоволството од подигнувањето на споменик на човекот кој „влијаеше на систематското уништување на градот во деведесеттите години, од што се нема опоравено до ден денес“.

„Со овој чин, ја изразуваме и нашата поддршка на обесправените бранители, чии права систематски се кршат и ние потсетуваме дека средствата за споменикот во ова време на криза можеше и требаше да бидат потрошени за решавање на статусот на овие луѓе“, се вели во соопштението на независната листа, кои собраа повеќе од 4.000 потписи од граѓаните против ваквото расфрлање пари во предизборието.

Независната листа „Другото лице на Сплит“ го осуди апсењето на тројца нивни членови и активисти кои беа спречени во мирниот протест, со цел да го свртат вниманието на уште еден обид за ставање на исто рамниште на жртвите со напаѓачите, а овој чин беше третиран како нарушување на јавниот ред и мир.

Тие очекуваат ослободување на уапсените без одлагање.

И покрај ова, градоначалникот на Сплит, Керум му се обрати на народот кој се собра околу споменикот:

„Драги пријатели го имаме Туѓман. Ова не е мој споменик, него вие го направивте. Туѓман е во Сплит поради вас. И за оние што им пречи, ако се обидат да го отстранат, повторно вие ќе бидите тука“.

Следниот споменик кој Керум започна да го поставува во Сплит е 10 метарски крст, чие монтирање вчера беше одложено поради лошите временски услови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.