Холандската конзулка Силвана Кондич денеска е нападната во својата канцеларија во Котексовиот облакодер во Сплит. Според првичните информации. напаѓачот ја прободел со нож во глава и и нанел тешки телесни повреди, по што 72-годишната Кондич е префрлена во сплитскиот Клиничко-болнички центар.
Се работи за 10 убоди со нож во темето и во вратот и нејзиниот живот не е во опасност. При бранењето од напаѓачот добила и рани по рацете, а според повредите, се претпоставува дека напаѓачот се фрлил врз неа и ја бодел додека лежела на подот. Индекс пишува дека докторите биле шокирани од бруталноста на нападот.
Таа не е во животна опасност, а напаѓачот е уапсен после еден час и половина, јавува порталот Индекс. Според информациите кои ги дала полицијата, се работи за маж кој има хрватско и холандско државјанство, 48-годишниот Дорис М.